26 коментари 4 мин. читање 18 ноември, 2021

Македонија е светски шампион во Counter Strike: Global Offensive

Македонската Counter Strike: Global Offensive репрезентација како шампион се враќа од Светското еспорт првенство кое се одржува во Израел.

Тимот на Bluejays  во состав Јане „aidKiT“ Апостолоски, Дамјан „kyxsan“ Стоилковски, Александар „CacaNito“ Ќулукоски, Павле „stYleEeZ“ Стојановски и Кристијан „fodor“ Поповски кој ја преставуваше Македонија на Светското првенство во Ејлат во финалето со 2 : 0 го совлада романскиот претставник. Ова е истиот тим кој неодамна нè израдува и со првото место на Европскиот куп на нации во Counter Strike: Global Offensive.

Во формат подобар од три, првата рунда се играше на мапата „Inferno“ која беше избор на македонската репрезентација. Втората мапа „Mirage“ беше избор на Романците. Mакедонските е-спортисти славеа со 16:10 и 16:11 во формат подобар од 30 и со тоа победија против фаворитот во финалето.

Најдобар резултат од македонската репрезентација оствари Павле Стојановски со 24 убиства и 4 асистенции.

Патот до финалето

Финалето со Романија го добивме релативно лесно. Откако претходно во полуфиналето нè изнамачи тимот на „Киев“ од Украина. Тие беа и едни од фаворитите за пласман на подиумот.

На патот до финалето Македонската репрезентација беше подобра од репрезентацијата на Косово. По оваа победа влеговме во репрезентациите со поповолен распоред, односно можевме и да загубиме еден натпревар и да имаме уште една можност за влез во финалето. Токму ова и се случи. Првата можност за влез во финалето беше пропуштена токму против противникот од финалето – Романија.

Потоа во најнапнатиот натпревар на ова светско првенство Македонија во натпревар кој имаше две продолженија успеа да ја совлада Украина и да се пласира во финалето.

Освојувањето на првото место во Counter Strike: Global Offensive е еден од најголемите успеси на македонската е-спорт сцена, по освојувањето на второто место на Мартин „Saksa“ Саздов и тимот на Digital Chaos на Dota 2 International натпреварот 2016 година.

За освоената титула, македонската CS:GO репрезентација покрај титулата шампион доби и парична награда во висина од 10.000 долари.

Македонија на шампионатот ја претставуваше и Давид Гаревски. Тој настапи во eFootball PES Series и успеа да ги заврши натпреварите како третопласиран во Б-групата.

Финале во живо за првпат во ковид-19 пандемијата

Финалето на IESF World Championship се одржа во живо во израелскиот град Ејлат. Ова е најголем настан кој го организира IESF досега. На квалификациите за финалето учествуваа 85 држави, што е 11 држави повеќе од претходната година.

На финалето во живо се натпреваруваа 164 натпреварувачи од 40 држави. Најдобрите е-спортисти се натпреваруваа во DOTA 2, CS: GO, Tekken 7 и eFootball PES Series.

Шампионатот завршува утре со финалето во DOTA 2, за жал на овој турнир Македонија немаше свои претставници.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Што се дискутира на ИТ форум...Kоментари на статија (4)

Loading new replies...

@pavlestyle Честитки! Online бевте етикетирани како читери па ајде сега да видиме каков изговор ќе бараат. Ги испеглавте поштено! Конечно наш CS тим со одлучност, трпение и функционалност како единка! Браво!
flat,750x,075,f-pad,750x1000,f8f8f8.u1.jpg

одговори 3 лајкови

А чек истиот тим е ко АИРЛИЈА?

(ако не се лажам не е истиот тим пошо овие се БЛУ ЏЕЈС)

одговори Лајк

А чек истиот тим е ко АИРЛИЈА?

(ако не се лажам не е истиот тим пошо овие се БЛУ ЏЕЈС)

Основата е таа со aidKit, Stylez, Kyxsan и dan1. Принова и засилување им е CacaNito, а FODOR беше замена за dan1 кој мислам дека е во Шведска и не беше присутен заради компликации со визата.

одговори 1 реакција

Основата е таа со aidKit, Stylez, Kyxsan и dan1. Принова и засилување им е CacaNito, а FODOR беше замена за dan1 кој мислам дека е во Шведска и не беше присутен заради компликации со визата.

Тенкс шо ми разјасни!

Иначе ЦАЦАНИТО БЕШЕ ФЕНОМЕНАЛЕН!!! АидКит исто, а и останатите сјаеја во клучни моменти! Стајлз со awp, Kyxan мислам го имаше тој еден момент коа ги реши на мираж... Прекрасно!

ЕДИТ: Сепак ЦАЦАНИТО беше во тој моментот на мираж:

View: https://imgur.com/a/BjKVA7t

Мислењето е автоматски споено:

@pavlestyle Честитки! Online бевте етикетирани како читери па ајде сега да видиме каков изговор ќе бараат. Ги испеглавте поштено! Конечно наш CS тим со одлучност, трпение и функционалност како единка! Браво!
Погледнете го атачментот 106331

А шо се деси со обвинувањата за читинг на крај?

одговори 3 лајкови

види цела содржина...

Тенкс шо ми разјасни!

Иначе ЦАЦАНИТО БЕШЕ ФЕНОМЕНАЛЕН!!! АидКит исто, а и останатите сјаеја во клучни моменти! Стајлз со awp, Kyxan мислам го имаше тој еден момент коа ги реши на мираж... Прекрасно!

ЕДИТ: Сепак ЦАЦАНИТО беше во тој моментот на мираж:

View: https://imgur.com/a/BjKVA7t

Мислењето е автоматски споено:

А шо се деси со обвинувањата за читинг на крај?

Па се крена фама ко ги победија Украина и супер тимот на Турција. Еве изиграа цел LAN во Израел на компјутери и периферија проверени од администратори. Witch-hunt од butthurt фановви на двете екипи/репрезентации. Правеа видеа, па Reddit circlejerk и сѐ по список. Не можат да се помират со фактите. :)

одговори 1 реакција

види цела содржина...

Освојувањето на првото место во Counter Strike: Global Offensive е еден од најголемите успеси на македонската е-спорт сцена, по освојувањето на второто место на Мартин „Saksa“ Саздов и тимот на Digital Chaos на Dota 2 International натпреварот 2016 година.

За освоената титула, македонската CS:GO репрезентација покрај титулата шампион доби и парична награда во висина од 10.000 долари.

Македонија на шампионатот ја претставуваше и Давид Гаревски. Тој настапи во eFootball PES Series и успеа да ги заврши натпреварите како третопласиран во Б-групата.

Повеќе @ Македонија е светски шампион во Counter Strike: Global Offensive ⋆ IT.mk

П.с. @ARMac

одговори 11 лајкови

Браво за дечките гејмери . Сега нешто ме итнтересира за спортови како што знаеме на пример спортски реквизити топка или рекет кои се стандардни димензии за меѓународен натпревар , е сега прашањето ми е дали дечките гејмери сами си составуваат хардверски делови вклучувајќи и монитори или пак дали има прописи и правила околу хардверски делови како меѓународни стандарди за Е-Спорт како кај спортските реквизити ????

Па јас колку што знам - секој организатор обезбедува подеднаква опрема за сите тимови ( евентуално мауси и падови или тастатури можат да си изберат кој што преферира )

Само периферијата (маус, мауспад, тастатура) е дозволена како стандардна екстерена опрема. Слушалките се регулирани зависно од организаторот. Некогаш се за сите исти заради soundproof доколку има публика, некогаш се дозволени како индивидуална опција. Сѐ друго е обезбедено од организаторот.

одговори 5 лајкови

Па јас колку што знам - секој организатор обезбедува подеднаква опрема за сите тимови ( евентуално мауси и падови или тастатури можат да си изберат кој што преферира )

Аха, тоа се подразбира , но да речеме ако противникот има подобри хардверски делови со највисока класа графичка и процесори па и матична ,а другиот е средна класа делови од организаторот и дали има некаква улога за да победи натпреварот или не или пак е прекршок ?? Дали постои правила во светот на Е-Спортот?

одговори Лајк

G #12

Честитки за дечките. Некако наградата од 10.000 долари ми делува премалку за ваков достиг, како што сте напишале "Светски шампиони" на порталот?
Не пратам eSports, не знам за која лига се работи, чисто прашувам.

одговори 2 лајкови

Настанот е со сличен формат како WCG што беше пред 10-15 години само што со годините опадна популарноста и организаторите почнаа да соработуваат директно со креаторите на игрите и така организираат Major и Minor турнири што имаат поголеми парични награди затоа што има повеќе спонзори. Пример, Украина ги има NaVi што се број 1 во светов, ама тие како организација играат само на турнири што се во партнерство со Valve, креатор на CSGO. Затоа на нивно место играат други играчи што немаат тимски обврски. А порано на WCG играа баш најјаките поединци од секоја држава зошто WCG се сметаше како еден од најелитните турнири.

Ова доаѓа како трета лига натпреварување по награден фонд и популарност, ама скилот на тимовите скоро на ниво како најјаките екипи. Се надевам ова ќе е отскочна даска за нашите и дека потенцијалот ќе биде искористен што побрзо. Заслужуваат да бидат во топ 20 екипа во светов за да го искористат потенцијалот на поголеми сцени.

одговори 3 лајкови

Кој го следеше натпреварот ќе сфати дека заслужник за оваа победа е всушност играчот "Uqlutzavr" од тимот: Ec-Kyiv. Иначе браво за македонскиот тим одлично изиграа.

едит:

одговори 2 лајкови

Аха, тоа се подразбира , но да речеме ако противникот има подобри хардверски делови со највисока класа графичка и процесори па и матична ,а другиот е средна класа делови од организаторот и дали има некаква улога за да победи натпреварот или не или пак е прекршок ?? Дали постои правила во светот на Е-Спортот?

Нема логика организаторот да обезбеди компјутери со различен хардверски компоненти.
Кога турнирот се игра од дома тоа си е веќе твое со кои хардверски компоненти ќе се натпреваруваш.

одговори 2 лајкови

Добивај известувања
Извести ме за
guest
26 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
NecrotoX
NecrotoX
4 years ago

Одлично момци, само напред!

Мени
Заедница
To top
{title}