Зошто Amazon ќе забрани да се купува со Visa картички во Велика Британија

Avatar img-thumbnail img-circle

во Веб, ИТ.ЕУ

Amazon им приреди непријатно изненадување на сите корисници на VISA кредитни картички од Велика Британија. Официјално, гигантот за е-трговија ќе престане да прима уплати од VISA картичките од 19-ти јануари 2022 година. Главна причина за ова секако e високиот надомест кој VISA гo наплаќа за процесирање на трансакциите на кредитните картички.

„Веруваме дека цената за прифаќање на кредитните картички треба да се намалува во иднина за да им овозможи на трговците да ги реинвестираат своите заштеди во пониска цена и подобрување во шопинг искуството и купувањето за потрошувачите. Сепак и покрај технолошките напредоци, наместо да се случи тоа, продолжуваат цените да бидат високи па дури и да растат“, велат од Amazon.

Во Британија по Брегзит нема повеќе максимална цена на овој надомест. Европската Унија има правила на игра со одредена максимална цена на овој надомест, но по излегувањето од Унијата овие правила не важат во Велика Британија, па тука настанува и конфликтот помеѓу Amazon и Visa. Што се однесува до висината на надоместот на VISA, истиот изнесува помеѓу 1,29% и 2,54%, плус основниот надомест од 0,10 долари. Интересно VISA има еден од најниските надоместоци во споредба со останатите издавачи на картички. Како последица на одлуката на Amazon речиси веднаш паднаа цените на акциите на најголемите издавачи на платежни картички – акциите на VISA паднаа за 5,2%, а не помина добро ниту Mastercard чии акции паднаа за 4,58%. За купување на Amazon во Британија корисниците и натаму ќе може да ги користат другите платежни картички, но и дебитните картички на VISA.

Реакцијата на VISA е во спротивна насока, компанијата ги потсети корисниците дека може да ги користат картичките за купување за време на празниците, и додаде дека ова не е добар развој на настаните за никој:

„Навистина сме разочарани што Amazon се заканува дека ќе го ограничи изборот на корисниците во иднина. Кога изборот на корисниците се ограничува не победува никој“, велат од VISA.

Иако на продажба цената може да биде релативно ниска,  неколку центи, на годишно ниво малку по малку се собираат, па кумулативно трговците за овој надомест годишно плаќаат над 110 милијарди долари годишно. Поради својата доминанта положба во е-трговијата Amazon плаќа милијарди долари за овие надомести. Дополнително една од причините за поголемите трошоци кога онлајн купувањето е во прашање е тројното наплаќање кога некој производ се враќа. Надоместот се плаќа еднаш при купувањето, втор пат на враќањето и трет пат на следната размена.

Само почеток на непријателствата

Amazon дури размислува и да го прекине партнерскиот договор со VISA за ко-брендирана платежна картичка во САД. Компанијата со неколку партнери како Mastercard и American Express работи на ко-брендирана платежна картичка во Америка, а овие ко-брендирани картички се своевиден спој на наградни лојалти картички и платежни картички. Корисниците можат да ги користат на различни места каде може да се користат платежни картички и да имаат некаква придобивка кога купуваат со нив, односно кешбек шеми и собирање на поени.

Дали можеби Amazon ќе шифта кон крипто светот штом вака радикално настапува кон VISA, а кај и да е и најверојатно и со Mastercard… ќе следиме, па ќе пишеме дополнително. :)

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
4 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
Ретка Билка
Ретка Билка
2 years ago

Само кредитни картички. Дебитните ќе можат да се користат. исправете се.

EbeMiSe
EbeMiSe
2 years ago

ne e da shifta nego ubavo vi pisuva DA SE NAMALAT PROCENTITE
ili laicki kazano da soprat so monopolot!!!
da smalat toa proviziite!!!
da namalat toa proviziite ovie lopovite!
P>S-radi info @smo vo EU se ogranicenini kolku mozat da zemat od sekoja transakcija!ubavo pisuva deka po izlezzot od EU ….

Перо
Перо
2 years ago
Reply to  EbeMiSe

смањи доживљај. точни се информациите што ги кажуваш, ама многу изгледаш како conspiracy nut кога пишуваш вака за лопови и со !!!