Спонзорирано

МАК-Систем започнува стратешко партнерство со Аmazon (AWS)

Спонзорирано од MAK-SYSTEM

во Веб, ИТ.МК, Софтвер, Спонзорирани

МАК-Систем, како светски лидер во развој на системите за управување со донации на крв и крвна плазма, со гордост ја објавува стратешката соработка со Amazon (AWS) и лансирањето на новата глобална cloud платформа за крв и биолошки производи. 

Лансирањето на MAK.care означува нова ера во индустријата за управување со крв и ќе овозможи поефикасна поврзаност за сите засегнати страни, како што се банките за крв, донаторите, давателите на здравствени услуги, фармацевтската и биотехнолошката индустрија. 

„Возбудени сме што соработуваме со AWS за да ја донесеме нашата врвна платформа MAK.care на глобалниот пазар“, изјави Frank Jaubert, главен извршен директор на МАК-Систем.

 Оваа платформа ни овозможува да ги подигнеме нашите способности за управување со донациите на крв на следното ниво и ќе има поголемо влијание врз животите на пациентите и врз начинот на којшто работат давателите на здравствени услуги ширум светот.  Платформата, целосно управувана од MAK-System, ја користи моќта и приспособливоста на AWS за да обезбеди највисоко ниво на услуга и безбедност за корисниците. 

New Zealand Blood Services е долгогодишен клиент на МАК-Системи кој со нетрпение очекува да ги искористи дополнителните придобивки.

„Многу сме возбудени што ќе го прошириме нашиот однос со МАК-Систем и ќе станеме првата национална служба за крв во светот која има корист од новата платформа MAK.care “, изјави Joshua Bankers, CIO на New Zealand Blood Services.

AWS исто така изрази задоволство за новото решение и соработка. „Задоволни сме што работиме со МАК-Систем на оваа стратешка иницијатива“, рече Jens Dommel, шеф на здравствена заштита на AWS за EMEA. AWS cloud технологијата ќе ги обезбеди потребните услуги и поддршка за да се осигури дека MAK.care може да ги зголеми и да ги исполни барањата на глобалниот пазар за управување со крв. 

Платформата MAK.care веќе е достапна за сите клиенти ширум светот, за која веќе се потпишани и првите договори. Во наредните недели се очекуваат и нови договори. 

МАК-Систем е светски лидер во системите за управување со донациите на крв, обезбедувајќи иновативни решенија за оптимизирање на собирањето, складирањето и дистрибуцијата на крв, плазма, ткиво и биолошки средства за клеточни и генски терапии. Една од секои три крводарувања на глобално ниво се управуваат преку нашите производи. 

МАК-Систем има канцелрии во повеќе светски метрополи, како што се Лондон, Чикаго, Париз, Мадрид, Франкфурт, Брисел и Белград. Канцеларијата со најголем број вработени кои стојат зад реализацијата на соработката со АWS, повеќе од 30 години е лоцирана во Скопје. Генерален менаџер на канцелариите во Скопје и Белград е Дамјан Манчевски. 

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Напомена:

Ова е комерцијален ПР текст закупен од страна на MAK-SYSTEM . IT.mk не сноси никаква одговорност за текстот и неговата содржина. Доколку сте заинтересирани да објавите промотивен текст, испратете го на [email protected]
види ги сите огласи на kariera.it.mk