Борбата на LLM модели продолжува – Amazon го претстави Q

Avatar img-thumbnail img-circle

во Вести

На отворањето на re:Invent конференцијата во Лас Вегас, Amazon го претстави својот одговор на ChatGPT, вештачката интелигенција Amazon Q. Првенствено наменет за корисниците на AWS, Q ќе им овозможи различни можности за зголемување на продуктивноста, решавање на проблеми и носење одлуки.

Цената на месечната претплата за Q е иста како за ChatGPT Plus и изнесува 20 долари. Претплатниците ќе можат да побараат совети од типот „Како да креирам AWS апликација?“ и да добијат одговор, заедно со листа на потенцијални решенија и причини поради кои се предлагаат.

Корисниците може да ја прилагодат вештачката интелигенција според своите потреби и апликациите кои самите ги користат во компанијата. Amazon Q може да се користи со Salesforce, Jira, Zendesk, Gmail или Amazon S3. Вештачката интелигенција се поврзува со сите достапни податоци и учи за бизнисот, вклучувајќи ги и организациската структура, концепти и производи, пренесе TechCrunch.

„Amazon Q може да заврши сѐ што може да заврши и Copilot, но може да се користи за работа на различни апликации во стакот, ова треба да биде привлечно за ИТ-менаџерите кои сакаат да го ограничат бројот на асистенти кои треба да бидат надгледувани“, вели Кит Киркпатрик од Futurum Group.

Најголема предност на Q е за корисниците кои развиваат веб апликации за AWS. Amazon во тренирањето на вештачката интелигенција Q го искористи своето седумнаесетгодишно искуство во развој за AWS. Компанијата во овој период има собрано многу код кој го искористила за тренинг на вештачката интелигенција. Тоа секако ќе придонесе за квалитетот на понудените решенија кога AWS е во прашање.

Вештачката интелигенција се „интегрира со компанијата-корисник“ и може да анализира различни аспекти на бизнисот. На пример, дали корисниците на некоја апликација или сервис имаат потешкотии со некоја функционалност. Дополнително, во овој случај Q може да придонесе и со предлог решенија за надминување на проблемите.

Amazon Q може да се користи и како ChatGPT. Корисниците ќе внесат фајлови и документи и потоа може да побараат различни одговори поврзани со овие фајлови. Со оглед на тоа дека вештачката интелигенција веќе ќе има познавања кои се специфични за компанијата, ќе може да даде релевантни одговори за компанијата. Покрај ова Q има и други слични можности како ChatGPT. Може да креира блог напис, да креира листа поенти од текст или да генерира извештаи за медиуми. Преку плагини може автоматски да испраќа нотификации преку различни системи.

„Откако ќе се поврзете, Amazon Q започнува да ги индексира сите податоци и содржина, учејќи сè за вашиот бизнис. Ова вклучува разбирање на основните концепти, имињата на производите, структурата на организацијата, сите детали што го прават вашиот бизнис уникатен. Како и индексирање на податоците од овие извори.

Q исто така користи генеративна вештачка интелигенција за да ги разбере и долови семантичките информации што го прават вашиот бизнис уникатен. Овие дополнителни семантички информации се доловуваат како векторски вградувања, овозможувајќи му на Q да обезбеди високо релевантни резултати кои се прилагодени на вашата специфична компанија и индустрија “, вели Мет Вуд, потпретседател на AI во AWS

Конечната одлука за акциите сепак е кај корисниците. Тие на крај ќе мора да ги разгледаат предлозите на Q пред да ги одобрат.

Со оглед на тоа дека Amazon Q е наменет повеќе за деловни корисници, компанијата мораше да пронајде начин да ги намали грешките. За да се намалат грешките поради „халуцинациите“ на генеративната вештачка интелигенција, корисникот може да нареди да се користат исклучиво податоци од компаниските документи.

Она што веројатно е поважно за иднината на Q е дека Amazon веќе ги има првите клиенти. Софтверот за контакт центар од Amazon, Amazon Connect ќе доаѓа со вештачка интелигенција. За клиентите, Q ќе овозможи анализа на прашањата на корисниците и предлог на одговори, но и препораки за акции или линкови. По завршување на разговорот, Q ќе генерира сумарен текст за повикот кој ќе може да го прегледаат супервизорите.

Друга интересна можност која Amazon веќе ја искористил е користење на Q за полу-автоматизирана надградба на код. Мал тим на инженери на Amazon со помош на вештачката интелигенција за само два дена успеале да го надградат кодот на 1000 апликации од Java 8 на Java 17. Овие два дена биле доволни и за тестирање на апликациите, што секако делува импресивно. За жал, барем засега постои можност единствено за надградба од Java 7 и Java 11 на Java 17. Наскоро ќе биде достапен и помошник за NET Framework-to-cross-platform .NET трансформација. За користење на оваа функционалност ќе биде потребна претплата за CodeWhisperer Professional.

Amazon Q е значителен исчекор во алатките за продуктивност базирани на вештачка интелигенција. Со различните функционалности, интеграцијата со AWS услугите, и акцент на приватноста и контролата, Q има потенцијал да стане одлична алатка во пакетот за програмери и ИТ менаџери.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk