По 10 години Firefox ќе го промени Google како свој пребарувач, во замена за Yahoo. Сепак корисниците од Европа кои се навикнати на Google, нема да мора да го менуваат пребарувачот, бидејќи се чини дека Mozilla оваа промена ја направи единствено за Северна Америка, јави Marketingland. Промената е направена бидејќи во Mozilla проценија дека токму Yahoo е најдобриот избор за стратешки партнер за следните пет години. Пребарувачот на Yahoo работи со технологијата на Bing, односно Microsoft.
Моzilla го објасни својот избор на блогот, објаснувајќи дека при секое партнерстви процениле дали партнерите имаат слична стратегија и дали ги почитуваат слободниот избор и независноста. Mozilla не дава повеќе податоци дали можеби соработката со Google предизвикала проблеми, кои компаниите не успеале да ги надминат. Друга интересна новина е што како избор за пребарувач во Firefox го има Duckduckgo кој нуди поголема анонимност. (фала до Новица што ни посочи во коментарите)
„Кога ги погледнавме опциите кои се пред нас, видовме две еквивалентни економики, кои се добри за нас и ги споделуваат нашите вредности. Поради ова фокусот го насочивме кој стратешките можности и усогласувањето на стратегијата“, вели Mozilla. „Ова е пралела момеѓу длабок стратешки преглед и разгледување на компетитивната стратегија и пронаоѓање начин како да се движиме напред. Го прифитивме ова решение со кое го разгледуваме секоја држава и регион посебно, кој е најдобар пристап за секој од нив. Повторно се враќаме кон повеќе избор и можност за веб-екосистемот. Економските показатели беа добри, па ова ни овозможи да се насочиме кон стратешките можности“.
Од соработката се задоволни и во Yahoo: „Навистина сме возбудени од партнерството со Mozilla. Компанијата е инспиративен лидер во оваа индустрија за која корисниците се на прво место и се фокусира на напредни решенија и релеванти искуства.“, вели Мариса Мајер, директорка на Yahoo, и поранешен шеф за продукти во Google. Промените пристигаат веќе од декември, покрај САД во кој пребарувач ќе биде Yahoo и Европа каде пребарувач е Google, во Русија пребарувач е локалниот Yandex, а во Кина, Baidu.








Многу поважно, од скоро во Firefox меѓу default-ните избори за пребарување го има duckduckgo. Анонимност, приватност итн.