{mosimage} Нa YouTube (a каде другде?) се појави видео кое објаснува дека камерите со можност за препознавање лице на HP лаптопите не реагираат на црнци. Видеото веднаш стана хит. За само десетина дена прегледано е над 1 милион пати, а корисниците започнаат да се шегуваат дека „HP компјутерите се расисти“.
Проблемот се појавува кога нема доволно светло, вели HP.
„Работиме да дознаеме повеќе за проблемот. Мислиме дека камерата има тешкотии да ги види контрастите меѓу очите и носот во услови кога нема доволно светлина.“ објаснува HP на својот блог.
Ванда Замен и Деси Краер, креаторите на видеото, изјавија дека не мислат дека HP има некакви задни намери, ниту дека се расисти, туку дека едноставно се работи за техничка грешка.
„Го направивме за да се насмееме, но ако ова видео ги натера HP да направат подобар продукти, тогаш супер.“ вели г-ѓа. Замен.






