{mosimage} OneRiot, еден од водечките пребарувачи во реално време, најави нов сервис со кој се дистрибуираат реклами во реално време поврзани со популарни-во-моментот термини низ Twitter апликациите, IM клиентите (месинџерите) и iPhone апликациите.
RiotWise Trending Ads ги следат трендовите низ друштвените мрежи и според нив пласираат реклами. Овие систем на „тренди“ реклами е базиран на RiotWise рекламната мрежа која беше најавена пред 2 месеци. Рекламите на RiotWise се базираат на актуелната содржина која корисникот ја пребарува, додека Trending Ads се базира исклучиво на најпопуларните теми.
Земајќи актуелна „тренди“ тема, смртта на младата холивудска ѕвезда Британи Марфи, Тобиас Пегс од OneRiot го објаснува сервисот.
„Не можете да знаете кога сите луѓе ќе пребаруваат информации за Британи Марфи. Не можеш да изградиш реклами пред време. Но, ние можеме да го индексираме вашиот сајт и да изградиме реклами од тоа.“ вели тој за Register.
Бидејќи рекламите можат да се интегрираат во апликациите, ова може да биде додатен извор на приходи на сите девелопери на апликации кои ќе го споделат профитот со OneRiot. Рекламите ќе можат да бидат сместени во посебен бар, а може да се појавуваат во корисничкиот стрим на вести.
{mosimage}






