0 коментари 3 мин. читање

ИТ.МК: Википедија станува oфицијална енциклопедија?

{mosimage} Пишував за употребата на „Wikipedia наместо MАНУпедија“, пишував дека треба да се направи Википедија релевантен извор. Tогаш споменав дека ИТ министерот Иво Ивановски твитна дека бара начин како да има повеќе македонска содржина на Википедија. Се чини дека го нашол начинот.

„Двојно зголемување на содржините за Македонија на највлијателната он-лајн енциклопедија Википедија, е целта на
работната група која денеска беше претставена во Министерството за информатичко општество.“ пренесува MakFaks.

{mosimage}

МИО планира да ги
активира професорите и студентите од 5 филолошки факултети да започнат со преведување и додавање содржина.

„Идејата е студентите своите трудови и научни проекти наменети за факултетите, особено оние што се однесуваат на македонскиот јазик, литература и историја да се вметнуваат на Википедија и на тој начин да станат глобално достапни.” вели ИТ министерот
Иво Ивановски.

Најголемо внимание ќе се посвети на македонските текстови, односно полнење на Wiki со македонскa содржина со цел да се собере знаењето и да се презентира на светот. Планот е и да се преведуваат текстови од и на странски јазици за да се збогати онлајн енциклопедијата.

http://it.com.mk/images/stories/vesti7/wikipediamak2.jpgМакедонската Википедија брои над 37.000 статии на македонски напишани од ентузијасти, независни придонесувачи, волунтери… А оваа иницијатива ќе помогне побрзо да се збогати енциклопедијата со содржина, велат администраторите на Википедија. Но, мора да се направи разлика помеѓу македонските статии на Македонската Википедија и статиите за Македонија на некоја од другите енциклопедии, вели Василка Димитровска, активен придонесувач на Македонската Википедија.

„Македонската Википедија се состои исклучиво од статии напишани на македонски јазик и на кирилица, и таа во моментов брои повеќе од 37.000 написи. На страниците на англиската Википедија која се смета за најголема, бројот на статии за Македонија на англиски јазик е многу помал. Би било убаво кога би можело да се придонесува на обете, но во мометов е поприоритетна Македонската Википедија. Со зголемувањето на обемот на написите автоматски ќе се појави линк до неа на официјалниот портал на Википедија, кој сега го нема поради тоа што треба да се исполни квотата од минимум 40 000 статии. Покрај квантитетот, сепак треба да се внимава и на квалитетот на текстовите.“ вели таа.

Што се однесува до квалитетот на текстовите, може да се очекуваат првите статии да не ги задоволат критериумите, но за се има решение, вели Слободан Јаќоски, администратор на македонската Википедија.

„Ние сме информирани за проектот од пред неколку месеци, пруживме неколку корисни совети и учествувавме во изработка на видео-водич за изработка на статии на Википедија. И покрај тоа, очекуваме дека првите статии нема да ги задоволат сите критериуми за Вики статии, највеќе од технички аспект. Но, со текот на времето, најверојатно поставувањето на статии од страна на студентите ќе оди со помалку технички проблеми, а ние како администратори ќе треба да бидеме поактивни во стимулирањето на поквалитетни статии што ќе ги задоволат не само техничките критериуми, туку и Вики принципите на неутралност, проверливост на изворите, стилските барања при пишувањето итн.“ вели Слободан.



Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед
To top