LinkedIn станува сѐ поголемо место на кое се склучуваат нови конекции и корисниците благодарение на своите вештини добиваат работа. Вчера, LinkedIn ја обнови својата мобилна апликација за Android и iOS која мора да кажеме дека изгледа прекрасно.
Новиот дизајн е едноставен, чист и многу попрегледен со едноставна навигација низ објавите. Инаку, претходната LinkedIn апликацијата беше изградена со HTML5, но сега се врати на нативната мобилна апликација. Новата апликација на некој начин е спој помеѓу Facebook и Google+, а фокусот е ставен на поголемите фотографии, со што би се зголемила читаноста на статиите што се објавуваат.
„Првичната причина поради која се префрливме од HTML5 на нативна апликација е дека увидовме дека корисниците повеќе време поминуваат во апликацијата и апликацијата троши голема меморија. Проблемот не е во перформансите или рендерирањето, но сепак е голем проблем.“, вели Киран Прасад од секторот за мобилен развој.
Покрај тоа, новиот LinkedIn за мобилни нуди и тагирање на другите корисници, со што би се подобрила комуникацијата помеѓу корисниците. Како изгледа новиот Linkedin, можете да погледнете во видеото подолу. Новата LinkedIn апликацијата можете да ја преземете од Google Play и iTunes.
[youtube]k32xyP3KuWE[/youtube]








И за Windows phone исто така