0 коментари 3 мин. читање 18 април, 2013

Кој е подобар, iOS vs Аndroid? Еве ги најновите бројки…

iOS е затворен, a Android е фрагментиран. Овие коментари околу кои главно се води дебатата за кој мобилен оперативен систем е подобар или покористен. Но, зошто да не ја видиме актуелната ситуација пред да се впуштиме во расправија. Techland објави низа графикони со кои ги споредува двата оперативни системи. Според нив, може да се заклучи дека Android и Samsung се позастапени кај корисниците, но финансиски Apple и iOS програмерите засега одлично се држат. Што се однесува до таблет компјутерите сè уште имаме целосна доминација на iPad.

Додека во САД продажбата на Android телефони е околу 50 отсто од пазарот, а iOS четириесеттина отсто, во остатокот на светот Android владее со 70 отсто од телефоните кои се на оперативниот систем, а само 21% на iOS. Податоците се од IDC за последниот квартал на 2012 година. Што се однесува до компаниите, со 29 отсто Samsung сè уште е најголемиот снабдувач пред Apple со 21. Сепак во САД, Apple повторно ја поврати својата доминација со 34 отсто наспроти 32,3 на Samsung.

Ако Apple ја изгуби доминацијата за паметните телефони, на пазарот на таблет компјутери iPad сè уште доминира иако Nexus таблетите го намалуваат степенот на доминацијата. Застапеноста на iPad е 53,8 отсто, а на Android таблет компјутерите околу 42,7 отсто.

Што се однесува до профитот, засега iOS e пред Android и од заработката на уреди и од продажбата на апликации. Интересно е што ако се одземе Samsung останатите производители заедно прикажуваат загуба. Иако корисниците на Android симнуваат 51 отсто што е 11 отсто повеќе од iOS, девелоперите на iOS заработуваат 74 отсто наспроти 20 отсто од вкупната заработкa која оди за развивачите на Android. Времето поминато на интернет преку преносни уреди сè уште е на страната на Apple, па може да се пофалат дека нивните уреди се „одговорни“ за 61,4 отсто од интернет сообраќајот, a Android за само 24,9 отсто.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top