LinkedIn и Twitter го прекинаа партнерството кое го започнаа во 2009 година, објави Рајан Рослански на официјалниот блог на LinkedIn. Toj вели дека на овој потег се имаат одлучено поради престрогите правила за користење на Twitter API-то.
Промените во полисата на користење велат дека корисниците нема да може повеќе да ги објавуваат своите твитови на LinkedIn профилот, но сѐ уште корисниците ќе може своите објави од LinkedIn да ги објавуваат и на Twitter.
Одлуката за промената во Twitter се должи на тоа дека компанијата развива сопствени алатки за објавувачите и сѐ повеќе инвестираат во свои апликации така што ќе им се овозможи одлично искуство на Twitter корисниците, без разлика кои уреди ги користат, пишува во известувањето од Twitter.
Дали оваа одлуча се должи поради крадењето на 6 милиони лозинки од корисниците на LinkedIn, па Twitter сака да се оддели од таквите бизниси, или пак двете компании не можеле да дојдат до договор за поделба на потенцијалната заработувачка, можеме само да претпоставуваме.