Денес, 30 јуни, 2012, Државна лотарија на Македонија го промовираше својот најнов инстант лоз со добивки автомобили Твинго Тренд на Рено. Ова е досега најдобитната инстант лотарија во Македонија со дури 40 автомобили и бројни други парични добивки. Оваа е втора серија на овој инстант лоз и тоа на барање на играчите, по успешно реализираната прва серија.
Со лозот ТВИНГОМАНИЈА Државна лотарија на Македонија на играчите на инстант лотарија им овозможува на лесен, забавен и евтин начин да дојдат до 1 од 40те атрактивни автомобили РЕНО ТВИНГО ТРЕНД или до бројни парични добивки од 500.000 до 40,00 денари. Лозот е со цена од 40,00 денари.
Забавата и добивките од новата серија инстант лозови под името ТВИНГОМАНИЈА се организираат во соработка со автомобилската куќа Аутомотив Груп – како официјален застапник на реномираниот бренд Рено, со кои се обезбедени вкупно 40 автомобили.
Учесникот го дознава резултатот кога ќе го отстрани заштитниот слој од полето за игра. Лозот е добитен, ако на три различни полиња од вкупно 6 (шест) полиња е отпечатен заштитниот знак на брендот Рено или на три различни полиња од 6 (шест) полиња е отпечатен ист износ.
Доколку на лозот не се откриени три полиња со ист симбол на автомобил Рено ТВИНГО или три полиња со ист износ, тој лоз нема добивка.
Само за потсетување, првата серија на инстант лозот ТВИНГОМАНИЈА ги освои симпатиите на играчите, особено тие кои имаат млад и динамичен дух и сакаат да бидат во тренд. Твингоманија првата серија, беше пласирана минатата година на 1ви април. Донесе понуда од 15 автомобили Рено Твинго обезбедени во соработка со Аутомотив Груп. 15те автомобили од оваа серија се возат низ улиците на Пробиштип, Прилеп, Битола, Тетово, гостиварското село Чегрене, валандовското Јосифово, тетовското Теарце, Кичево, 4 автомобили Рено Твинго сообраќаат во Скопје, а три пак во Струмица.
На првиот ден од официјалното пуштање во продажба на втората серија Твингоманија, инаку најбогата со добивки досега во Македонија пред продажното место на Тобако во скопската општина Аеродром, веднаш до ТЦ Бисер, Државна Лотарија на Македонија подготви забава и бројни изненадувања за првите играчи.
За добро!
Овој текст е платен ПР текст на Државна Лотарија на Македонија.
IT.com.mk не сноси никаква одговорност за содржините на истиот.







