Apple плати 60 мил. долари на кинеска компанија за да го користи името „iPad"

1 коментар 1 мин. читање

Apple со 60 милиони долари го реши спорот со кинеската компанија Shenzhen Proview Technology. Proview тврдеше дека е сопственикот на името „iPad” коe Аpple го користи за својот популарен таблет компјутери и име за кое тврди дека ги откупила правата уште во 2009-та година. Но, според Proview и судот, кинеските власти никогаш не ги прерфлиле правата.

„Спорот со името е завршен. Apple префрли 60 милиони долари на сметката на Високиот суд во Гуангдонг како што беше побарано.“, вели кинескиот суд.

Интересно, пишува New York Times, според адвокатите на Proveiw тие сакале да побараат поголема сума пари, околу 400 милиони долари. Но, за среќа на Apple морале да ги прифатат 60-те милиони бидејќи компанијата е во криза и и требаат пари за да не отиде во банкрот.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед