Samsung Odyssey е најновиот VR уред за Windows

Avatar img-thumbnail img-circle

во Хардвер

Image courtesy of Samsung

Samsung е најновата компанија која му се приклучува на Microsoft со изработка на сет за проширена реалност. Microsoft за својата верзија на проширената преалност користи термин „mixed“. Ова треба да покаже дека уредот е подготвен и за проширена и за виртуелна реалност. Добра вест е што Windows Mixed Reality уредите имаат поддршка и за SteamVR платформата.

Microsoft досега презентираше и сопствен HoloLens прототип. Сепак, цената на уредите е околу 3000 долари. Поради ова компанијата преку партнерства со повеќе компании презентираше различни нови уреди. Досега уреди презентираа HP, Lenovo, Acer и Dell, а Samsung е најновата компанија која се приклучува на иницијативата.

Уредот се чини дека е малку подобар од конкурентите кои беа презентирани досега. За почеток, доаѓа со два дисплеи со резолуција 1.400х1.600. Конкуренцијата доаѓа со екрани 1.400 х 1.400. Ова овозможува Odyssey да има видокруг од 110 степени, наспроти 95 степени на конкурентите.

Samsung Odyssey ќе биде достапен заедно со пар контролери од 6 ноември за 500 долари. Уредот е веќе достапен во претпродажба.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk