Последниве неколку месеци Twitter речиси секоја недела беше дел од вестите. За жал причините не беа добри. Најпрво започна со купувањето, или барем намерата за купување на Илон Маск, за да се претвори во разговор за преголемиот број на ботови на микро-блогот.
По подолг период Twitter е повторно присутен во вестите поради вистински причини. Компанијата започна со тестирање на копче кое ќе овозможи уредување на твитовите. Засега функционалноста е во фаза на интерно тестирање. Промените се тестираат во една држава, но нема објава која е оваа држава.
Во следните неколку недели, функционалноста веќе ќе им биде достапна на дел од претплатниците на Twitter Blue.
За да биде лесно забележливо, за променетите твитови ќе има одделна икона, детали за времето во кога е направена промената и „етикета“ (label) кој ќе покажува дека станува збор за променет твит, пишува на блогот на Twitter. Промените на твитови нема да бидат исклучиво достапни на претплатниците, но како дел од Twitter Blue претплатата ќе имаат можност за пристап во рана фаза.
„Се надеваме дека со достапноста на Edit Tweet, твитањето ќе биде многу подостапно и помалку стресно. Ќе може да учествувате во разговорот на начин кој ви има смисла на вас, а ние ќе продолжиме да работиме на промени да направиме ова биде без никакви потешкотии“.
Функционалноста за уредување на твитови е најбараната промена од корисниците. Веста дека конечно ќе ја добијат секако ќе биде добредојдена. Цента за Twitter Blue претплатата е 3 или 5 долари, во зависност од државата во која живее корисникот.
Во фокусот и натаму спорот со Елон Маск
Секако продажбата на Twitter и натаму е главна причина поради која микро-блогот и натаму е во насловите на вестите. Овој пат судскиот спор со кој Маск се обидува да се откаже од купувањето. Основачот на Tesla и SpaceX се обидува да докаже дека Twitter го скрил вистинскиот број на корисници од него, па договорот за купување може да се раскине. За жал Twitter сега на сака да го раскине договорот, па на крај некој ќе остане незадоволен.
Ако успее да докаже дека бројот на ботови на Twitter е поголем од прикажаното, Маск ќе може да плати 1 милијарда долари и да го раскине договорот. Доколку не успее во ова, продажбата или ќе заврши како што започна, или казната ќе биде значително повисока.
Фокус оваа недела е додавање на податоците кој неодамна ги изнесе поранешниот шеф на безбедност на Twitter, Питер Затко. Тој објави дека микро-блогот и неговата инфраструктура имаат сериозни безбедносни пропусти. Софтверот на серверите, но и на компјутерите на вработените не се ажурира со години.
Ако тврдењата на Затко се покажат точни ќе бидат и сериозен проблем за Twitter. Ова би значело дека компанијата го прекршила договорот со Федералната комисија за комуникација кој ги обврзува да бидат транспаренти за безбедноста на корисниците и нивните подоатоци.
Судскиот спор кој ќе одлучи дали купувањето може да биде откажано ќе започне на 17-ти октомври во Делавер.







