LAUNCHub бара стартапи кои се подготвени за 200.000 евра инвестиција

во Свет

Бугарскиот стартап акцелератор LAUNCHub го отвори седмиот круг на пријавување на стартапи кои можат да го „направат следниот голем чекор“. Почетните инвестиции се вредни 200.000 евра., заедно со можност за менторство која ја нуди акселераторот. Овојпат LAUNCHub е во потрага по стартапи кои креираат алатки за девелопери, уреди за Интернет на нештата, здравствена индустрија, биткоини, облак или едукативни алатки.

Заинтересираните веќе можат да се пријават преку F6S или AngelList. Кон средината на октомври, одбраните тимови ќе ги пичуваат своите идеи, по што „победниците“ ќе ги добијат средствата од фондот. Условите за учество повторно се достапни на официјалната страна.

До сега на бугарските акселератори, LAUCNHub и Eleven, кои се поддржани со неколку милионски фонд од европски пари, им се приклучија куп регионални стартапи, но и два македонски. Првиот е гејминг студиото Tesseract Interactive кои добија 30.000 евра од LAUNCHub за својата игра, и вториот е хрватско-македонскиот u:Plug кој развива алтернативен штекер. U:plug доби 25.000 евра од Eleven.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments