Објавувањето на куп разголени фотографии на холивудските ѕвезди ги засени сите други вести, викендов и почетокот на неделата. Вообичаено ваквите објави не можат да поминат без 4chan и Rеddit од каде сликите се преселија насекаде по Интернет. Џенифер Лоренс, Кејли Куоко, Риана се само дел од стотината имиња кои се на листата на разголени фотографии. Барајќи го изворот на фотографиите погледите на експертите и аналитичарите се свртеа кон Apple и iCloud за кој најголем дел од експертите се сомневаат дека сликите се излезени токму од облакот на Apple. Сепак дел од актерките тврдат дека станува збор за монтирани, стари и избришани фотографии, а дел од нив признаваат дека фотографиите се нивни и со жалење потенцираат дека им е нарушено правото на приватност.
Доколку изворот на овие фотографии е iCloud тогаш постојат неколку начини на кој би можел да биде изведен. Пробивање на серверите на iCloud и преземање на фотографиите од таму, што изгледа невозможно со оглед на тоа дека масивен напад врз iCloud не би поминал незабележан. Добар дел од фотографиите не се фотографирани со iPhone, па нивното закачување на iCloud можеби изгледа нелогично.
Една од претпоставените можни ситуации е масовен фишинг напад и пробивање на имејлот и лозинката на корисниците, но изгледа тешко остварливо. Иако можеби доколку напаѓачот дошол до уред кој го поседувале некои холивудски ѕвезди е можно, а Guardian шпекулира и со можност за напади од PR-агенциите каде еден вработен со познавање на имејл адресите на нападнатите, би можел со „forgot password“ релативно едноставно да дојде до содржината на iCloud. Apple засега не излегува со соопштение, но сè уште ја разгледува можноста за нападот врз iCloud.
Knowing those photos were deleted long ago, I can only imagine the creepy effort that went into this. Feeling for everyone who got hacked.
— Mary E. Winstead (@M_E_Winstead) August 31, 2014
Анонимен корисник на Reddit открива дека постои група на колекционери
(underground celeb n00d-trading) кои собираат вакви фотографии од холивудските ѕвезди. Фотографиите и видеата во групата најчесто се разменуваат, а единствено во редок случај и за многу пари може да се случи некој да купи вакви фотографии. Фотографиите во оваа група се менуваат помеѓу членовите, а ретките фотографии имаат поголема вредност, па бесплатното споделување на фотографитте не е премногу логично. Сепак можно е некој и случајно да дошол до некоја од овие „скривници/колекции“ и да ги споделува овие фотографии. Во прилог на оваа теорија е поголемиот број на помали споделувања, наместо еден масовен фајл, тоа што дел од засегнатите велат дека овие фотографии се сликани пред подолг период и веќе одамна се избришани и големиот број на биткоин новчаници во кои се уплаќаат парите за сликите.
Минатиот сличен престап, хакирањето на телефоните на Скарлет Јохансон и Мила Кунис го чини Кристофер Чејни од Флорида 10 години во затвор. Според предвидувањата, овој пат ќе има далеку поголем број на апсења, но барем засега трендот не забавува, а веќе се најавени фотографии од нови ѕвезди.








thumbnail-ot го зедовте од најлошата можна кино снимка? :D