Дрштвените мрежи се одличен начин за комуникација со пријателите, но и се одличен начин за да се шири пропагандата. Екстремистите на исламистичката организација ISIS се префрлија на друштвените мрежи за да ги споделуваат своите видеа и да регрутираат млади арапи да се борат за џихат, пишува New York Times.
Islamic State of Iraq and Syria, на кратко ISIS, ги користи друштвените мрежи за пренесување на фанатизмот на борците, како и за видеа на обезглавување и масакри на војници. Најголем дел од видеата се закани за САД, а тука пред се станува збор за снимката која го потресе целиот свет, обезглавувањето на новинарот Џејмс Фоли. Групата е толку екстремна што Al Qaeda го одби нивното приклучување. Сега ISIS ги користи своите воени успеси во Ирак и Сирија да регрутира дел од борците на Al Qaeda.
За ISIS друштвените мрежи се средство да се влее страв, и да ја рашири пораката до што е можно поголем број на нови следбеници дека се борат за калифат Ирак и Сирија, која ќе биде муслиманска држава која ќе се раководи од строга интерпретација на исламските закони. Засега прва цел на ISIS е креирање на исламска држава, а не напади врз западот. „Ова може да се промени преку ноќ, но засега ова е клучна разлика помеѓу ISIS и Al Qaeda“, вели New York Times.
IRAQ. Fighting in Iraq. U.S. believes IS not pose direct threat to America http://t.co/GXDuAbjuCl
— ISIS Media Hub (@ISIS_Media_Hub) August 31, 2014
Сепак кога станува збор за видеата во кои ги повикуваат муслиманите од западниот дел на светот да се вратат назад во одбрана на калифатот, тие се помалку крвави со значително избегнување на сликите на војната која се одвива на Блискиот Исток. Регрутирањето е повеќе повик за враќање во калифатот, да и се помогне на муслиманската држава во замена за вечен живот после смртта. Воените успеси како заземањето на Мосул предизвика маасовен прилив на европски регрути кои се приклучуваат на ISIS. Вообичаено овие борци се распоредуваат по различни групи, но успехот на ISIS ги направи единствена дестинација за младите „освестени“ муслимани од европските држави.
Џихад 3.0 се води на друштвените мрежи и на интернет, со модерни видеа за регрутација кои се на повеќе светски јазици, и со користење на веб алатки за ширење на информации како Just Paste за објава на преглед од борбите, Soundcloud за објава на аудио извештаи, WhatsApp за споделување на слики и видеа, Instagram за споделување на фотографии и Twitter како медиум кој ги обединува сите. Блокирањето на профилиоте на ISIS на овие сервиси не помага бидејќи на место на избришаниот профил веднаш се појавува нов.







