Last Hope е нова македонска видеоигра чие трејлер видео неодамна се појави на друштвените мрежи. Играта е креирана од Maxsoft Games Studios, чии основачи се Давор Зафировски, Даниел Зафировски и Александар Илиевски. Last Hope е комбинација на Tower Defence, Sandbox и Zombie Shooter, сместана во апокалиптично сценарио во кое играчот е последната надеж за човештвото. Се разбира станува збор за свет во кој зомбија излегуваат зад секој агол, а постојат и уште поголеми скриени опасности. Затоа протагонистот мора да изгради најразлични препреки кои му помагаат да ги запре куповите зомбија на кои како да им нема крај.
„На играта моментално уште се работи и е направена повеќе од половина, а на трејлерот не се покажани многу работи кои сега се веќе готови, ама ги скривме од јавноста“, велат од Maxsoft Games.
[youtube]D4IZgUISAjs[/youtube]
MaxSoft Games постои од 2010 година, а на Last Hope секојдневно работат последнава година. Претходно работеа на видеоиграта War For The Liberty која за жал не го дочека своето финализирање. Засега нема датум кога ќе биде објавена играта, но повеќе може да дознаете од Facebook страната на Maxsoft Games Studios, а за последните видео содржини можете да го посетите YouTube каналот.