0 коментари 2 мин. читање 10 јули, 2014

Се појавиjа првите custom ROM-ови за Android Wear

Android Wear е едвај излезен, а веќе се појавуваат првите, Custom ROM-ови за платформата за паметни часовници. Gohma е името на ROM-от за LG G Watch часовникот кој е изработен од Џејк Деј. Gohma не го менува интерфејсот на G-Watch, туку прави неколку практични надградби: го подобрува икористувањето на батеријата, го намалува доцнењето помеѓу транзиција помеѓу екраните, гиподобрува перформансите на часовникот и ги засилува вибрациите истовремено подобрувајќи ја оптимизацијата на батеријата.

Без сомневање модифицирањето на Android Wear само што започнува, па наскоро ќе бидеме сведоци на нови скинови и дополнително подобрување на перформансите на оперативниот систем. Креаторите на Custom ROM им помагаат и на Google во развојот на Android кои често прифаќаат делови од нив во официјалните верзии на оперативниот систем. Gohma е едноставна за инсталација посебно доколку веќе имате искуство со инсталирање на некои од останатите Custom ROM-ови за Android уредите, вели ReadWrite.

[youtube]0k3KLjVUzF4[/youtube]

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top