Вештачката интелигенција од неодамна препознава предмети речиси на исто ниво со луѓето. Сепак Labsix успева да ја измами вештачката интелигенција. Па кога луѓето гледаат желка, вештачката интелигенција гледа пушка!
Трикот кој го употребија експертите не е прв кој успева да го збуни InceptionV3 на Google. Претходно вештачката интелигенција погрешно класифицираше мачка како „guacamole“. Но, оваа измама престанува кога сликата малку ќе се заврти.
Новиот метод овозможува „измамата“ да продолжи и кога моделот ќе се заврти. Labsix изработува 3д-модели во кои со помош на алгоритам прави промена на стандардниот изглед на предметите. По промените, вештачката интелигенција повеќе не може да погоди што претставува 3д-моделот.
„Ова го правиме со нов алгоритам за доверливо создавање на збунувачки примери кои креираат погрешна класификација по трансформации како блур, ротација, зум или поместување. Го користиме за креирање и на 2Д и на 3Д модели кои работат на стандардна мрежа под било кој агол“, велат од Labsix.







