Новата гејминг конзола на Microsoft Xbox One X ги доби првите прегледи. Од претходно беше познато дека ова ќе биде најмоќната конзола досега. Но, дали сте подготвени да потрошите 500 долари за хардвер?
Пред излегувањето на конзолата беше јасно дека Xbox One X е првата конзола која ќе биде вистински 4К. Ако ја споредите цената на конзолата со соодветен дектоп компјутер со слични гејминг перформанси, поевтино ќе поминете со конзолата.
Хардвер
Xbox One X доаѓа со 8-јадрен Jaguar процесор на 2.3 GHz изработен специјално за Xbox One X. Графичката на картичка е изработена од AMD, и доаѓа со 40 јадра на 1172 MHz. Xbox One X има 12 GB DDR5 и диск од 1 TB.
Ова е сосем доволно за Xbox One X може да репородуцира видео игри на 4К резолуција при 60 fps со HDR. Иако некои од игрите пак имаат можност за избор помеѓу 1080р на 60 fps и 4K при 30 fps Дали ќе биде најдобра зависи многу повеќе од софтверот отколку од хардверот.
Софтвер
Засега нема AAA наслов кој ќе ве принуди да ја купите конзолата. Официјално продажбата на Xbox One X започнува на 7 ноември. Една од предностите на конзолата е прилагодувањето на постарите игри. Ова значи дека за некои игри ќе биде овозможена 4К резолуција. За жал, за најголемиот дел од игрите сепак нема да има промена и на текстурите.
На конзолата може да се играат игрите издадени за претходните конзоли од Microsoft и изгледаат подобро од било кога. Ова важи за дел од игрите кои се поправени, за останатите за жал, нема никаква разлика. Дел од игрите кои се прилагодени на 4К и HDR се: Killer Instinct, Super Lucky’s Tale, Halo 3, Gears of War 4, Fifa 18, а според вестите 4К, HDR верзии ќе има Forza Motorsport 7.
„Gears of War во моментов може да се користи како HDR пример за платформата. Драматични бои и светлосни ефекти како да излегуваат од екранот со толку многу детали и ефекти колку што може да се забележат на 4К“, вели Ars Technica.
Едно од прашањата што можат да си ги постават заинтересираните купувачи е: „Дали ќе има ексклузивни игри за конзолата?“. За жал, засега не. Добра вест е дека сите игри од Xbox One и Xbox 360 може да се играат и на новата конзола и изгледаат подобро.
Секако конзолата не е само за игри, а Microsoft од поодамна додаде можност за репродукција на 4К видео.
„Една работа која Microsoft ја прави подобро од Sony е можноста за репродукција на 4K HDR видеа. Ова е случај и со Xbox One S, но PlayStation 4 Pro ја нема оваа можност“, вели Next Web.
Најголемиот недостаток на новата конзола е играњето на игри кои не се подобрени за новата козола. Кај овие игри нема разлика, а за дел од нив PlayStation 4 Pro останува подобар избор. Ова е случај на пример, со Final Fantasy XV која има проблеми на новата конзола.
Сепак за сите кои или не поседуваат козола или играат на постари конзоли на кои им е дојдено време за замена, може да размислат за Xbox One X. Разликата со Xbox 360 и PlayStation 3 е огромна. Иако можеби е подобро да причекаат за излегување на некои од најавените нови наслови.
Почекајте да излезат и да бидат тестирани Star Wars: Battlefront II и Call of Duty: WWII за конзолата, а потоа одлучете дали треба да направите надградба.