Купуваме, уште еден .мк сервис за попусти и групно купување

во ИТ.МК

Наскоро ќе стартува уште еден .мк сервис за групно купување. Тоа може да се заклучи од профилот на Купуваме.мк, кој е ептен тазе проект. Нивниот Facebook профил кој што е отворен само пред 13-ти февруари, односно пред само десет дена. На профилот има кратко видео и објаснување за што е сервисот, и инфо дека се очекува да стартува наскоро.

Купуваме.мк е сличен сервис како Grouper, Kolektivа и Грабни попуст. Отварате своја сметка на сервисот кој нуди дневни попусти, и доколку сте заинтересирани за некој продукт чекате да се соберат доволно број корисници за попустот да стане успешен. Ако се пријават доволно број луѓе, тогаш супер, имате голем попуст. Ако нема доволно заинтересирани, тогаш попустот е неуспешен и ви се враќаат парите.

Групното купување во Македонија се покажува дека има огромен потенцијал. Веднаш по стартувањето Grouper и Колектива забележаа огромни побарувачки за купоните. Истиот успех продолжува со над стотици луѓе кои ги искористуваат попустите. Неуспешните понуди се ретки.

[youtube]s2qpVCdC7Ww[/youtube]

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
4 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
Купуваме
Купуваме
15 years ago

Првин благодарност до IT.com.mk и Виктор што објавија вест за нашата апликација, која сеуште е во изработка. Ветуваме кога ќе започне целиот концепт, да испратиме дополнителни информации за нашиот сервис и нашиот концепт, кој се надеваме ќе понуди нешто поразлично во светот на групното купување и колективните попусти.
, ви благодармие на забаелешката, но работиме со 200 на час и при експортирањето едно Њ ни летнало некаде, за што ќе се потрудиме во иднина да обрнеме повеќе внимание на детали. ти благодариме и на останатите коментари, но нашиот концепт не е да бидеме rip-off на Groupon во Македонија (сеуште немаме сајт :) ), туку да понудиме нов концепт, чии детали ќе ги промовираме кога ќе биде готова апликацијата.
Она што може да навестиме е наше фокусирање, покрај Скопје, и на останатите градови во Македонија, и иновативен начин на промоција на услуги и на производи. Следете не на http://fb.me/kupuvame и ќе видете за што станува збор.

whoeverest
whoeverest
15 years ago

Океј, кликнав Like, ќе следам. Инаку не сакам да бидам grammar nazi, ама приметувам дека на доста места ви се појавуваат печатни грешки што делува компанијата да изгледа несериозно.

Пример: " ви _благодармие_ на _забаелешката_"; "Сеуште не се започнати зделките, но планираме нешто и во _Кавадари_, како за тие од Кавадарци, така и за тие што _саката_ да го посетат градот на виното :)"; "Radmila Doneska е нашиот 1000-ти фан. За неа _резервиавме_ еден купон од нашата прва вистинска зделка."

Сфатете го ова како добронамерна критика, мене ми оди во прилог да има што повеќе сајтови и попусти, ама очекувам сериозност од некој на кој би му давал пари. :)

Поздрав,
Андреј Т.

whoeverest
whoeverest
15 years ago

Кај што сајтот им е четвртиот rip-off на Groupon во Македонија, уште и цело клипче им е copy – paste од тоа на Grouper [1]. Башка и печатна грешка имаат на 1:16, што кажува колку се залагале за да го направат. Инвентивно.

[1] Клипчето на Grouper: http://www.youtube.com/watch?v=rOdFPiFd96Y&fe

Ace
Ace
15 years ago

Im fali edno Nj vo PODARUVA_E na 1:16 ;)

види ги сите огласи на kariera.it.mk