Екстремно загаден воздух, алармантни текстови за нус појавите и рушење рекорди во категоријата најзагадени градови во светот. Тоа е реалноста и оваа зима во која сите заедно и повторно ќе се гушиме.
Со цел да се придружиме кон многубројните апели да се превземе нешто, да се апелира до сите и да се зголеми свесноста за овој проблем покренуваме иницијатива, односно си го гушиме сајтот во смог и магла преполна со PM честички.
Идејата е да поттикнеме зголемување на свесноста за проблемот со загадувањето со забележителна акција. Јасно ни е дека ова не е решение на проблемот, но сепак чувствуваме одговорност како портал да превземеме нешто.
Со кликнување на гас маската во долниот десен ќош, може да продолжите со нормално сурфање на сајтот. Маглата е присутна само на почетната страна на сајтот.
Приклучете го и вашиот сајт во оваа иницијатива
Приклучете се и вие во зголемување на свесноста со поставување на следниот код на вашиот сајт и угушете го во смог:
Во <head> додадете:
<link rel="stylesheet" type="text/css" href="https://www.it.mk/fog/fog.css">
На почеток во <body> додадете:
<div class="fog-container on-fog" id="fog-wrapper">
<canvas id="fog"></canvas>
</div>
<div class="icon-fog on"></div>
Веднаш под </body> додадете:
<script type="text/javascript" src="https://ajax.googleapis.com/ajax/libs/jquery/1.11.3/jquery.min.js"></script>
<script src="https://www.it.mk/fog/fog.js"></script>
[…] Во текот на овој период, секундарните сервиси на IT.mk како ИТ Кариера, ИТ индекс и ИТ огласник почнаа да заживуваат… Имаше активна заедница, која беше и општествено одговорна при локални природни катастрофи како поплавите и се обидуваше да помогне со разни донации и во секојдневието. Ние продолжувавме со активно следење на тоа како технологијата влијае на нашите животи, и бевме сведоци на преминот од тема која се дискутира само во geek кругови, како премина во секојдневието. И во лоши, но и во добри моменти. Бевме и гласни и поттикнувавме иницијативи. […]
Владините страници да имаат ваков код, некој да го стави, хакне или на било кој начин да се вметне за да се подигне свеста на народните избраници.