0 коментари 2 мин. читање 15 декември, 2017

Predator гостува во Ghost Recon Wildlands

Акционата авантура кое го носи името на Том Кленси и ви дозволува да започнете ултимативно шутерско искуство во огромен, отворен свет воведе неочекувани новитети со најновата Jungle Storm надградба. Покрај рангирано играње, нови класи, оружја и мапи, француското студио, Ubisoft, лансира и специјален настан во кој гостува предаторот од истоимените култни холивудски остварувања.

Како бесплатен, но временско-чувствителен настан кој ќе трае само до почетокот на јануари, гејмерите ќе можат да пробаат да му стават крај на предаторот сами или со тим од уште тројца играчи. Таквото нешто нема да е воопшто лесно, но доколку успеете, ќе бидете наградени со екслузивни предмети, не исклучувајќи ја и маската на предаторот и можноста да го користите вонземниот филтер за топлотна детекција.

Паралелно со настанот, се продава Predator Pack, пакет од 15 предмети, оружја или нови начини за прилагодивање на ликовите. Сите предмети се инспирирани од филмовите, особено оружјата и новиот борбен потег со сечилото. PvP модот, Ghost War е збогатен со нова класа која, исто така е инспирирана од филмскиот серијал каде ликот може да биде преземен од бесот и да добие убиствени способности.

Avatar photo
Напишано од

Мартин Јованчевски

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top