Apple веќе работи на следната генерација M1 процесори

во Хардвер

Перформансите на првата генерација на M1 чипови од Apple се и повеќе од пријатно изненадување. Компанијата успешно го префрли дизајнот на чипови за паметни телефони и таблет компјутери, на чипови за лаптоп и десктоп компјутерите за MacBook.

Првиот чип за паметни телефони во целост дизајниран од Apple (Apple A4) го претставиja во 2010 година со iPhone 4. На компанијата и беа потребни 10 години за првиот чип за компјутери, но за следната генерација чипови од Apple по сè изгледа нема да мора да чекаме многу долго.

Во компанијата веќе работат на следните две генерации на Mac чиповите кои во иднина ќе бидат конкурентни или побрзи од процесорите на Intel. Следната, втора генерација ќе биде произведена со надграден 5nm процес, но нема да има огромни подобрувања на перформансите. Овие чипови според извештајот до кој дојде Information ќе бидат претставени во 2022 година, а има и непотврдени гласини дека втората генерација на чипови ќе биде претставена со новиот MacBook Air.

Веќе следната верзија според најавата ќе биде произведена со 3nm процес. Компанијата веќе работи на развој на чиповите од третата генерација Mac процесори кои засега се со кодни имиња „Ibiza“, „Lobos“ и „Palmа“. Чиповите се најавени за 2023 година, и ќе бидат изработени од 4 „блока“ (die). Овие чипови би имале до 40 јадра.

Во 2023 ќе бидат претставени и првите 3-нанометарските чипови од A-серијата кои Apple ги користи за iPhone и iPad.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk