ИТ.МК се обиде да стапи во контакт со Стопанска Банка. Досега не добивме одговор. Штом го добиеме одговорот ќе го додадеме во текстот.
Добивме изјава од Стопанска Банка Скопје која ја пренесуваме во целост:
Благодариме за дописот и прашањето кое беше евидентирано и процесирано преку Контакт центарот и надлжените организациони единици.
Во врска со прашањето, согласно важечките процедури, сите клиенти кои се обраќаат до Банката преку официјалните канали за комуникација добиваат соодветен одговор.
Кога се работи со глобални добавувачи на сложени системи, кои имаат екстензивно искуство и репутација, очекувани се вакви ретки појави за кои Банката веднаш презема мерки на разрешување. Во случајот кој го посочувате, минорен број клиенти беа афектирани и во текот на денот беа опслужувани од контакт центарот и нашите филијали.
Жалиме за непријатното искуство и продолжуваме да ги преземаме мерките заедно со добавувачите за намалување на ваквите случаи во иднина.
На 4 септември дел од корисниците на Стопанска Банка повторно забележаа позната „слика“. На нивните сметки недостасуваа средства или имаа поголема сума на резервирани средства. Ова е еден од проблемите на апликацијаата на Банката, која вообичаено се решава набрзина. За жал овојпат тоа не беше случај. Отсуство на јавни канали за комуникација го принудија Вељко Ристиќ јавно да го искаже своето незадоволство од однесувањето на Стопанска Банка АД Скопје. Тој го сподели своето непријатно искуство на друштвената мрежа LinkedIn.
Според неговите зборови, неговата денарска сметка на 4 септември ненадејно влегла во голем минус поради резервирани средства кои не се видливи во дневниот извод. Овој проблем, кој не се случува прв пат, досега се решавал сам од себе, но денес ситуацијата останала нерешена подолг период.
Утрово, од ведро небо, мојата денарска сметка е во дебел минус поради огромна сума на резервирани средства кои не се видливи во дневниот извод. Ова ми се има случувано повеќе пати, и досега, резервираните средства мистериозно исчезнуваат исто како што се појавуваат, па се одлучив повторно да причекам и замижам, впрочем се ќе биде во ред за неколку часа. За жал, денес тоа не е случајот.
По повеќе од 15 повици, и чекање од 5 до 10 минути, не успеал да добие никаков одговор од контакт центарот на банката. Вељко се прашува како е можно банката да нема достапен агент за итни ситуации, како на пример блокирање на украдена картичка или сомнителни трансакции. Кога го контактиравме Ристиќ, ни откри дека и покрај тоа што речиси шест часа се обидува да стапи во контакт со претставник на Стопанска Банка сѐ уште е без успех.

Судејќи по дел од коментарите на друштвените мрежи, проблемот не е ексклузивен кај Ристиќ. Поголем дел од клиентите јавуваат дека им недостасуваат средства на сметките.
„Во вакви ситуации, вообичаена пракса е да се постави една кратка порака од говорна машина со содржина – Имаме такви и такви проблеми, работиме на решавање на проблемот, се извинуваме за непријатноста – и решен проблем.“, додаде Ристиќ.
Ова не е првпат Ристиќ да се соочи со проблеми во работењето на банката. Минатата година, за време на службено патување во Југоисточна Азија, му била блокирана платежната картичка без предупредување, што го чинело повеќе од 200 евра во роаминг трошоци за да ја реши ситуацијата.
Вељко не бара извинување од Стопанска Банка, но сепак, ја повика банката да даде јавно објаснување и коментар за нивното работење.
Проблемот можеби е надминат, но грижата за корисници на Стопанска Банка АД Скопје потфрли во целост
Во моменов 22 часот и десетина минути дел од корисниците на Twitter пишуваат дека нивните сметки полека се враќаат во нормала. Сепак, однесувањето на грижата на корисници е несоодветно. Дел од корисниците на Twitter велат дека Стопанска Банка најавила надградба на системот, но очигледно е дека оваа порака не е соодветно пренесена.
Оваа ситуација го отвора прашањето за професионалноста и одговорноста на Стопанска банка АД – Скопје кон своите клиенти. Ваквото искуство, кое не е изолиран инцидент, ја нарушува довербата во банката. Клиентите имаат право на јасен одговор и навремена поддршка, особено во итни ситуации. Останува да видиме дали банката ќе преземе мерки за да ги реши овие проблеми и да обезбеди подобра услуга за своите корисници.
Обично велат..старите кукале и само тоа па тоа го зборувале..се жалеле и биле или лажни патриоти или некоја друга работа,која кај младите се третира за потсмев..затоа што се живеело во минатот…со овј напис се гледа дека генот или ДНК-та ја имаат младит еи никако не го напуштаат тој код на кукање или лелекање,а ете по ново..да се жалаат вака сега по интернет на порталчиња..а в саѓност работата е едноставна,е те нека станат и се изборат за правна држав аи начело на правото и наместо нерви трошеењр,ќе си достсвите кривична пријава или тужба и не само поединец ,туку и многумината засегнати..па видете као се решава тоа во цивилизирани земји..инаку тоа во минаотот го решавале на посуров начин..која рака крадеше…таа….