Низ годините, Idea Factory изградија име на девелопери и издавачи на квалитетни визуелни романи. Како едни од нивни најпознати игри секако се истакнуваат серијалите Neptunia, како и Fairy Fencer F!
Нивната претпоследна игра, Neptunia Game Maker R:Evolution, излезе дека е интересен хибрид помеѓу акциона JRPG и бизнис симулација, повеќе за нашите импресии можете да прочитате тука.
Штотуку излезената DATE A LIVE: Ren Dystopia е втората игра која се надоврзува на хитот од 2019 година – DATE A LIVE: Rio Reincarnation и, од она што го видовме, играта е одличен продолжеток во овој универзум, со чисти цртежи, внимателно напишани дијалози и впечатлива музичка подлога.
Глас од мракот
DATE A LIVE: Ren Dystopia e визуелен роман кој произлегува од добро познатиот серијал на Fujimi Fantasia Bunko, како и на истоименото аниме.
Приказната во овој визуелен роман се одвива триесетина години по мрачниот настан поврзан со вселенските земјотреси. Овие земјотреси имаат допринесено до појавата на мистериозните духови. Играјќи со Шидо Итскука, сосема случајно ќе откриете еден таков дух, а и сосема случајно ќе дознаете дека имате посебна моќ да за заклучуте моќите на духовите.
Пробајте да погодите на кој начин го правите тоа? Нема никогаш да ви текне. Имено, за да ги заклучите моќите, морате да одите на романтичен состанок со духот и да го принудите да се заљуби во вас…
Се работи за интересна приказна која истражува невообичаени теми во еден уште поневообичаен свет. Ни се допаднаа бројните интеракции со детално-разработените и преслатки ликови, како и можноста нашите одлуки да влијаат на приказната. За таа цел, имате девет патишта за истражување и 15 различни краеви.
Презентацијата и анимациите се квалитетни и на живописните ликови им се позајмуваат гласови од талентирани актери. Во случај да ви било особено мака што DATE A LIVE: Ren Dystopia беше излезена во 2020-та година само за јапонскиот пазар и за конзолата на Sony, сега конечно можете истата игра да ја заиграте и на Steam.
Повеќе детали за играта
- Произведува: Idea Factory
- Издава: Idea Factory
- Жанр: визуелен роман/ акција/ симулација
- Платформа: PC, конзоли
- Излезе на: 5 септември 2024