Следната недела OpenAI ќе ja отвори ChatGPT продавницата

Со еден месец доцнење, OpenAI ќе ја отвори ChatGPT продавницата следната недела. Првичната идеја беше оваа продавница да биде официјално достапна од ноември. Сепак, ноември беше прилично бурен месец за OpenAI, па доцнењето можеби е и разбирливо.

GPT Store беше најавена на OpenAI DevDay. Продавницата на која ќе бидат достапни различни прилагодени модели на GPT ќе им овозможи на „GPT builders“ да ги споделат и да заработат од јавните GPTs.

GPTs се агенти креирани од корисниците базирани на GPT-4 јазичниот модел. Достапни се исклучиво за Plus корисниците на ChatGPT вештачката интелигенција. Дел од креираните специјализирани верзии на ChatGPT ќе бидат креирани и од OpenAI. Корисниците ќе можат да ги пронајдат во „Explore“-секцијата. Прилагодените модели креирани од корисниците ќе бидат достапни исклучиво во продавницата.

Дел од примерите кои се споделени се на пример GPT тренирани на готвачи, па имаат детални податоци за состојките во некои рецепти, или GPT кој ќе објаснува различни мемиња, или GPT кој ќе може да се користи како помошник при преговори. За некои модели кои веројатно нема да бидат отворени GPT ќе може да биде трениран на код и ќе може да се користи како помош на девелоперите во компаниите за креирање на код кој е усогласен со праксата која се користи.

Засега не е сосем јасно каква ќе биде заработката од GPT Store. Дополнително, иако е најавено и извесно e дека креаторите на специјализираниот GPT ќе може да заработат и да го монетаризираат моделот, не е јасно дали тоа ќе биде достапно веднаш со отворањето на продавницата. Во имејлот со кој OpenAI ги извести девелоперите не се спомнува заработката. Повеќе детали за продавницата OpenAI ќе сподели следната недела, пренесе Yahoo! Finance.

До официјалното отворање на продавницата сите девелопери кои сакаат да ги објават своите модели ќе треба да потврдат дека се согласуваат со правилата за користење и да проверат дали моделот кој го креирале е во согласност со правилата за користење. Последната работа која треба да ја направат, е да го верификуваат својот профил и јавно да ги објават прилагодените верзии на GPT.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk