Прв пат по 2022 година биткоин надмина 45000 долари

Почетокот на годината е одличен за крипто ентузијастите и инвеститорите во крипто валути. Најголемата крипто-валута биткоин за првпат по април 2022 година надмина 45000 долари.

Во декември биткоин имаше вредност помеѓу 41000 и 43000 долари, а на почетокот на 2024 година наеднаш достигна 45922 американски долари. Во моментов цената е малку падната и вредноста на биткоин е 45351 долари. Почетокот на 2023 година биткоин го дочека со вредност која беше нешто над 16000 долари.  Во изминатата година оваа крипто-валута забележа раст од 156%. И втората крипто валута по популарност и вредност – етер, забележа раст во 2023 година. Растот на етер е околу 91% од почетокот до крајот на 2023 година.

Bitcoin вредност на 2 јануари 2024

Една од главните причини за растот на цената на крипто-валутите е повторниот ентузијазам кај инвеститорите. Оптимизмот доаѓа главно како последица на верувањето дека ќе биде дозволено „спот“ тргување на крипто валутите на берзите. Ова ќе придонесе за поголем интерес и за повеќе нови инвеститори. Американската комисија за хартии од вредност би можела да даде позитивен одговор пред 10 јануари, сугерираат извори за Reuters. BlackRock и Fidelity се дел од компаниите кои аплицираа за „спот“ Bitcoin ETF.

Дозволувањето за спот тргување на криптовалути ќе овозможи полесен пристап до пазарот на криптовалути и пониска цена. Ова секако ќе придонесе за пошироко прифаќање на криптовалутите, најпрво во САД, а потоа и во остатокот од светот. Аналитичарите предвидуваат дополнителен раст на крипто-пазарот во 2024 година, врз основа на историските трендови во изборните години во САД и „халвинг“ (halving) на Биткоин од 2012, 2016 и 2020 година.

Што е халвинг?

„Халвинг“ е услов дефиниран во протоколот на биткоин со кој наградата од „копање“ на биткоин се преполовува на секој 210 000 блока. Како последица на ова копањето на крипто-валутата станува потешко, а со тоа и дигиталната валута станува поретка. Халвинг е додаден во алгоритамот за копање за со намалување на достапноста да се намали и инфлацијата. Ако побарувачката остане иста, цената на крипто валутата ќе се зголеми.

Последниот „халвинг“ беше во 2020 година.

Иако 45922 американски долари е најголема вредност која биткоин ја имал во последните 21 месец и натаму е прилично далеку од максималната вредност од 69000 долари, која крипто валутата ја имаше во ноември 2021 година. Дел од крипто експертите веќе започнаа да наддаваат со нова максимална вредност која ја проценија некаде помеѓу 100 000 и 150 000 американски долари.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk