Кратки ИТ вести: Најприходни ИТ компании, робот операција на скопска ортопедија и аквизиции за BtoBet и WebFactory

Една интересна карактеристика за македонската ИТ индустрија е дека компаниите во неа се срамат од споделување на бројки – дали станува збор за број на вработени, приходи, профити, број на клиенти, аквизиции или инвестиции – бројките позади овие настани многу ретко се споделуваат јавно од страна на компаниите, освен ако истите не се очигледно добри за фалење. Приходот, профитот и бројот на вработени на секоја компанија, покрај еден куп други, е јавен податок кој може да се види во завршните сметки поднесени во Централен регистар, па одлучивме малку да ја отвориме темата и да споделиме некои бројки кои даваат многу попрецизна слика за локалната ИТ индустрија и обемот со кој истата работи – во овие кратки вести, ги споделуваме 5-те најприходни (да не се помеша со профитабилност) компании кои примарно работат компјутерско програмирање. На тронот е Seavus со 30 милиони евра годишен приход за 2022 година, компанија која сега веќе е дел од Арикома групацијата, а по неа следат локалните претставништва на Netcetera (18.9 милиони) и Endava (16.5 милиони), па битолската IWConnect и скопската Axapta Masters. Минатата година овие пет компании оствариле приход од 87 милиони евра.

Други кратки ИТ вести од индустријата:

  • Седумдесетгодишна жена е првата пациентка на скопска ортопедија, на која за првпат во јавното здравство во земјава, со асистенција на робот и беше успешно изведена операција на колено. прочитај повеќе
  • Групацијата Neogames, која е сопственик и на македонската ИТ компанија за спортско обложување BtoBet, заедно со две сестрински компании – Aspire Global и Pariplay, се продаде за 1.2 милијарди долари. Купувач е австралиската компанија за игри на среќа – Aristocrat Leasure Limited.
  • На тема аквизиции, финската компанија за електронски плаќања Modrium ја презеде македонската ИТ компанија Web Factory. прочитај повеќе

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments