Македонија ќе игра во финалето на Европскиот куп на нации во League of Legends

0 коментари 1 мин. читање

Македонскиот League of Legends состав по победата на Чешка се пласираше во финалето на Европскиот куп на нации. Финалето се игра во четврток, а противник на нашиот тим е Израел.

Се играше BO3 (најдобар од три) систем, а Македонија со победа на два меча со ред си обезбеди место во финалето на овој куп на нации. Репрезентативците на Македонија покажаа дека има доста добри, талентирани и искусни играчи кога станува збор за еспортот, а дека со добра и тимска игра се е можно, пишува Esport.mk.

Во подобар од 3 натпревари македонските репрезентативци доминираа во секоја поважна категорија и со 2:0 го завршија натпреварот против Чешка. Еве како накратко изгледа статистиката од овие натпревари:

  • прв меч – убиства 33:15; разлика во „голд“ 11 000; разлика во кули, 7.
  • втор меч – убиства 25:13; разлика во „голд“ 14 000; разлика во кули, 8.

Финалните натпревари се играат во формат подобар од 5, а стримот може да го следите на Twitch-каналот на Македонската еспорт федерација.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед