Корисниците на Twitter се „млади, мобилни и образовани“

Еден од десет Американци го користат Тwitter како главен извор на вести, споредено со 30 отсто кои го користат Facebook како медиум, вели извештај на Pew Research Center. Во Македонија, пак, има помеѓу 7.000 и 10.000 твитерџии од кои 70 отсто го користат Twitter како извор на информации и вести, според истражувањето на Aгенција Рејтинг.

И двете анализи направени со различна публика сепак имаат заедничка статистика која кажува дека твитерџиите се млади и образовани луѓе. Американското истражување, направено со анкетирање на 5.000 корисници и според дискусиите на Twitter за време на важни настани во период од три години, вели дека твитерџиите се интензивни мобилни корисници – 85 отсто од нив ги добиваат вестите преку мобилните уреди, споредено со 64% на Facebook.

Женски твитерџии има исто колку и машки, статистика која се повторува и во Македонија, од кои најголем дел се од возраст меѓу 17 и 30 години, исто како и во Македонија. Во САД скоро 40 отсто од твиреџиите имаат завршено факултет, споредено со 29 отсто од популацијата, додека во Македонија 20 отсто од твитерџиите се магистри или доктори по наука, а дури 64 отсто се со високо образование. Ова го прави Twitter мрежа на интелектуалци, иако тоа не може да се заклучи според содржината на твитовите.

Тоа што е важно, или како што вели Pew Research „суштината на Twitter“, е начинот на како се конзумираат вестите. Твитерџиите сакаат да споделуваат парчиња од информации како што се развиваат вестите и настаните. Дури и кога има емоционална вест каде многу корисници чувствуваат емпатија, сепак поголемиот дел од твитерџиите споделуваат вести без да додаваат свој коментар или мислење. Темата на вестите ќе одлучи на која насока да се развива дискусијата и споделувањето линкови на мрежата.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk