0 коментари 2 мин. читање 5 ноември, 2013

ИТ настан: Продавницата за игри Гоблин ќе подарува шпилови за роденденот на Magic: The Gathering

По повод 20-годишнината од излегувањето на играта со карти Magic:The Gathering, специјализираната продавница за игри Гоблин ќе подарува бесплатни шилови за почетници. За да добиете бесплатен шпил единствено ви е потребна желба за играње и малку одвоено време за куса презентација на правилата. По ова ќе станете дел од 13-те милиони играчи кои ја играат оваа игра. Покрај ова Гоблин редовно организира турнири во Magic кои можат да ги посетат сите заинтересирани, ако не за играње тогаш за дружење со играчите.

„Земете ја улогата на Planeswalker, моќен волшебник кој со своите суштества и магии оди во дуел против другите волшебници. Во овој свет на змејови, ангели, виленици, џуџиња, демони и најразлични митски суштества, ќе имате неверојатни можности за менување и подобрување на вашиот шпил со помоќни магии и посилни чудовишта кои се наоѓаат во илјадниците најразлични карти кои ви се на располагање.“, вели основачот на Гоблин, Самоил Петрески, во текстот на Centrala.mk.

Заинтересираните можат да го посетат Гоблин секој ден од 12 до 18 часот, а по кусата презентација ќе го добијат својот шпил. Доколку сте заинтересирани побрзајте, количините на беплатните шпилови се ограничени.

[youtube]GadqHggATe8[/youtube]

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top