Спонзориран текст

Конференцијата AllWeb Х нуди нов формат и квалитетни говорници за крај на септември

Спонзорирано од AllWeb.mk

во ИТ настани, ИТ.МК, Спонзорирани

За сите кои веруваат, кои се подготвени да отидат чекор напред и оние кои се подготвени да учат, да инспирираат и да бидат инспирирани, крајот на септември ќе донесе многу среќа и задоволство. Десет години после отворање на вратите за сите вљубеници, критичари, корисници, зависници од дигитал, AllWeb се враќа за да донесе ново дводневно искуство во кое ќе бидат спакувани четири различни сегменти на програмата.

„Овогодинешната конференција има изменет формат – ќе се случува два дена, на 29 и 30 септември, во преубавото Маврово. Содржински ќе покрива теми како дигитален маркетинг, бизнис стратегија, креативност, web3, метаверзум, корисничко искуство и др.“- вели Дарко Булдиоски, директор на програмата на AllWeb. „Остануваме доследни на квалитетот на говорници кој ќе го понудиме, па така публиката ќе може да слушне примери и искуства за како диретно да пристапи до купувачите, која е магичната формула на TikTok, како легално да е ползува Google Analytics 4, но и да прошета низ низ седумте света на т.н. experience design model“- додава тој. 

За да одговори на истенчениот вкус на својата верна публика, AllWeb X на сцена ќе донесе нови, но и познати говорици. Така на патување низ седумте света на т.н. experience design model, апликативно на секоја индустрија, посетителите ќе ги поведе Викторија Тајлор. Таа верува дека  бизнисите не можат да постојат без луѓе и во свет кој е исклучително базиран на искуство, луѓето мора да бидат во фокусот. 

Кирстен Јасис, експерт за Instagram и TikTok ќе ги сподели малите тајни на големите мајстори на вирални објави. На барање на публиката, а заради важноста на моментот во кој се наоѓаме, по трет пат на сцената ќе се врати и Роберт Петковиќ. Петко ќе зборува за тоа како легално да употребувате веб аналитика со посебен фокус на Google Analytics 4. 

Останатите говорници и повеќе информации за коференцијата, содржината и форматот, може да се најдат на allweb.mk, каде што се достапни и влезниците за настанот.


Disclaimer: IT.mk е медиумски партнер на конференцијата.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Напомена:

Ова е комерцијален ПР текст закупен од страна на AllWeb.mk . IT.mk не сноси никаква одговорност за текстот и неговата содржина. Доколку сте заинтересирани да објавите промотивен текст, испратете го на [email protected]

ит кариера

Matrix IT Global Services Macedonia

Product Designer

Matrix IT Global Services Macedonia

Product Operations

види ги сите огласи на kariera.it.mk