0 коментари 2 мин. читање 19 ноември, 2020

Конференција “Жените лидерки во бизнисот – Трансформација на бизнисот и животот“ во рамки на Глобалната недела на претприемништво

Овој понеделник во организација на „Стартап Македонија“ започна Глобалната недела на претприемништво. Овој глобален настан става акцент на претприемништвото низ 180 земји низ светот и ги инспирира и охрабрува луѓето да влезат во светот на претприемништвото, да бидат иноватори и да ги реализираат своите бизнис идеи.

Глобалната недела на претприемништво во Македонија оваа година ви носи над 120 говорници од 54 партнери меѓу кои и Women In Tech Macedonia и Здружение на бизнис жени кои заедно ја организираат конференцијата “Жените лидерки во бизнисот – Трансформација на бизнисот и животот

На оваа конференција ќе имате можност да ги слушнете некои од најуспешните жени претприемачки во земјата кои со вас ќе ги споделат своите претприемачки приказни, можностите за основање свој бизнис, како и предизвиците со кои се соочиле, посебно во време на светска пандемија.

Дополнително, на настанот ќе имате можност да се запознаете со некои од најновите македонски стартапи кои моментално се актуелни како на македонската, така и на светската стартап сцена.

Конференцијата започнува во четврток во 14 часот. Целата агенда и листа на говорници може да ја погледнете на следниот линк.

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
To top
{title}