0 коментари 1 мин. читање

Google го трансформираше Google Pay

Google најави трансформација на Google Pay, со ова платформата станува целосен финансиски сервис. Покрај досегашната можност за плаќање, надградбата носи уште неколку поголеми промени.

Новитети се можноста за поврзување на банкарските сметки со апликацијата и можноста за додавање на платежни картички. Со ова Google Pay на корисниците донекаде им овозможува да ги заменат апликациите на банките, вели Ars Technica.

Што се однесува до податоците од картичките тие нема да бидат споделувани со никој. Овие податоци не само што нема да се споделуваат со компании однадвор, туку нема да се споделуваат ниту со останатите сервиси од Google.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top