Конечно добри вести, најавен пад на цената на SSD

во Хардвер

SSD дисковите се најдобрата надградба на компјутер која може да ја направите ако имате хард-диск. За жал цената на SSD е значително повисока, но ова можеби наскоро ќе се промени.

Поради преголемо производство 64-слоен 3d NAND можеби ќе падне на 0.08 долари за гигабајт. Во моментов цената за 1 гигабајт e 0,30 долари. Ова ќе биде најголема корекција на цена во историјата на полуспроводничка електроника, вели Techspot.

Зголеменото производство на NAND се должи на неколку промени, најпрво Intel двојно ќе го зголеми капацитетот на 3D NAND фабриката во Далиан, Кина, а истото ќе го направи и Samsung во своите производствени капацитети. Сосем нови фабрики се најавени за 2020 година. SK Hynix, Toshiba, Tsingshua Unigroup се само дел од производителите кои ќе отворат нови капацитети.

Дополнително, напредокот во QLC технологијата ќе овозможи и зголемување на „густината на информации“. Според проценките ова ќе значи 1,33 пати повеќе податоци на плочки со иста големина, пренесе ExtremeTech.

Интересно промената на цената ќе направи SSD да биде конкурентен со хард-дисковите. Ова најверојатно ќе значи и крај за некој од компаниите кои својата заработка главно ја темелат на хард-дискови. Тоа секако значи и дека некој од најголемите производители на SSD ќе го освојат овој простор.

Ова секако значи дека ако размислувате за SSD, а не ви баш итно, паметно е да почекате до 2019 година.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk