0 коментари 2 мин. читање 21 август, 2018

Sibelius | First e бесплатна алатка за музичари

Сите оние кои се музичари или кои допрва сакаат да ги развиваат нивните музички аспирации, би можеле да ги направат првите чекори со бесплатна верзија на одамна докажаната Sibelius.

Sibelius | First ви нуди можности за композиција, транскрипција и бројни други алатки за уредување. Со бесплатната верзија можете да составите едноставни музички дела со до четири инструментални делови. Дополнително, можете да сочувате до десет креации на облакот, од каде имате можности за лесно споделување со вашите пријатели.

Sibelius | First е бесплатна алатка, но, за да ја преземете мора прво да креирате акаунт на официјалната страна. Дополнително, мора да потенцираме дека иако се вели дека е бесплатно, ова не може, а да не се третира само како отскочна штица. На долг рок, ветераните нема што да прават со Sibelius | First, а почетниците брзо би можеле да бидат исфрустрирани од бројните ограничувања. Sibelius | First се чини дека е верзија која замислена само да ве запознае со бројните можности и, доколку ви се допадне она што ќе го видите, едноставно сте принудени или да се префрлите на премиум верзијата или да барате друго чаре.

Avatar photo
Напишано од

Мартин Јованчевски

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top