0 коментари 2 мин. читање 15 септември, 2014

Конечно! Grand Theft Auto 5 доаѓа на PC

Конечно! Rockstar Games престана да си поигрува со PC гејмерите и ја најави Grand Theft Auto 5 за PC. Играта конечно ќе биде достапна на PC на 27 јануари 2015 година. Со ова играта ќе биде достапна на PC, само неколку месеци по излегувањето на Xbox One и PlayStation 4 верзијата која е најавена за 18 ноември 2014 година.

Новите верзии за последната генерација на конзоли и PC нема да бидат само порт на веќе достапната верзија. Ќе доаѓаат со нови оружја, возила и активности, дополнителни животни, погуст сообраќај, нов систем за презентирање на дрва и зеленило, подобри ефекти во борбите и временските прилики и уште многу други новитети. Новата верзија ќе биде и со збогатено аудио, па додадени со нови 17 радио станици и над 100 нови песни.

GTA V со самото свое излегување започна да поставува рекорди, и во првите 24-часа заработи 800 милиони долари. За жал мултиплеер компонентата е проследена со контраверзи, на пример минатиот месец најнов тренд беше виртуелно силување на играчите.

[youtube]KvdWxpn9BSI[/youtube]

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top