Луи Сикели кој е попозант како Louis C.K. можеби не е првиот, но секако е најпознатиот комичар за чии услуги може да се плати во биткоини. Аудио снимките од неговото шоу одржано во Madison Square Garden се достапни за неколку долари во противредност во биткоини.
„Цената која ја предвидовме е 5 долари, но можете да ја намалите на 1 долар или да ја качите до 85 долари. Тоа е максимумот, затоа што над ова, не ми се потребни вашите луди пари“, вели комичарот на својот сајт. За сега со биткоини може да се плати единствено за аудио снимките, но не е исклучено во иднина да бидат додадени и билети за крипто валутата. Еден од бенефитите на исплата во биткоини е што корисниците не треба да плаќаат провизија на сервисот, пример PayPal зема помеѓу 7 и 10 отсто.







