Google има креативно решение за инсталирање на соларни панели

во Свет

Google го претстави Project Sunroof со кој компанијата на генијален начин ќе помогне на луѓето да одлучат дали да инвестираат во соларни панели на кровот на својто дом.

Алатката овозможува со помош на податоците од Google Maps да се пресмета енергетскиот потенцијал на куќата на корисникот. Sunroof најпрво прави процена за бројот на сончеви часови годишно, вклучувајќи ги и сите проблеми кои можат да се појават поради околината, како високи згради или дрва во околината. Сервисот понатаму овозможува и пресметка колку соларни панели можат да се постават и според површината и бројот на сончеви денови, и прави проценка колку пари корисникот ќе може да заштеди секоја година од сметката за електрична енергија. Project Sunroof е супер едноставен а користење, а резултатот го презентира за десетина секунди, без притоа да има потреба од скапи експерти и консултанти.

За жал апликацијата во моментов е достапна единствено во Сан Франциско, Фресно и Бостон, но ќе биде достапна во повеќе региони во периодот кој следи, иако барем за сега нема најава кога ќе биде достапна надвор од САД. Но, идејата е тоа што се важи, и оваа идеја е фантастична.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments