2 коментари 2 мин. читање 21 ноември, 2022

Креирајте и користете и-мејл кои истекува по 10 минути

Често пати кога сакате да пристапите до некоја услуга која се нуди преку веб сајт потребно е да оставите и-мејл. Доколку на сајтот не планирате да му се навратите, оставањето и-мејл знае да ви направи проблеми, особено кога се работи за непотребно полнење на вашето сандаче со спам пораки.

Па така, секојпат кога се бара од вас да оставите мејл, но не сакате тоа да биде вашиот главен мејл, се препорачува да си направите привремен. 10 Minute Mail е веб сајт кој откако ќе го посетите автоматски ви создава и-мејл кој трае само 10 минути. По истекување на времето, мејлот се деактивира, но, во меѓувреме, можете да добивате, да ги читате и да ги прегледувате сите мејлови што ќе ви стигнат на него.

Како што може да забележите од горната слика, мејлот кој ние го испративме на привремениот може да се види од тука, може да се одговори или да се проследи на некој трет мејл. Од предната страна, добивате информација за тоа колку мејлови имате добиено, а доколку кликнете на копчето Get 10 more minutes, животот на привремениот мејл ќе му се продолжи за уште 10 минути.

Avatar photo
Напишано од

Мартин Јованчевски

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
2 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Martinj90
Martinj90
3 years ago

a na koja web strana mozeme da go najdeme ?

Мени
Заедница
Изглед
To top