Пропаѓањето на криптоберзата Celsius и нивниот пат до банкрот

Сите ние сакаме финансиска слобода, а повеќето млади луѓе (миленијалци и Gen Z) сметаат дека криптовалутите се новиот начин на кој може да се направат многу пари за кратко време. Денес, никој не им верува на владините репрезентативци во одела и кравати кои не доведоа во оваа состојба на инфлација. Заради тоа, многу луѓе кои не се запознаени со светот на инвестирање одлучија своите пари да ги стават на проверени и непроверени криптоберзи. Една од таквите е и Celsius Network.

Celsius е компанија која зема и позајмува крипто, инвестира во крипто проекти и токени, и менува една криптовалута за друга, која се претставува како ново место каде што може да се ставаат и позајмуваат пари. Иако ова звучи како да се крипто банка, тие беа доста јасни во нивните излагања дека на никој начин не се банка, а дури и дека мразат банки.

Во нивните маркетинг кампањи, Celsius се претставуваа како нова економија каде што финансиската слобода не доаѓа со одредена цена. Нивниот маркетинг работеше предобро, ветувајќи 6% на вашиот Bitcoin, 10% повраток на вашите стабилни коини, а дури и поголем процент за одредени криптовалути. Од 2017 па до денот на нивната пропаст, тие имаат земено околу 25 милијарди долари.

Одреден временски период, сето она што Celsius го правеа беше супер. Се до кобниот ден на 12-ти јуни 2022, кога колабираа комплетно и без најава, ги замрзнаа сметките на своите корисници, и се исклучија од сите социјални медиуми.

Сите луѓе се прашуваа како може вакво нешто да се случи, а приказната започнува со еден човек и неговата визија.

Кој стои зад Celsius?

 Во ова видео, Иван Жељковиќ го интервјуира Алекс Машински, кој всушност е извршниот директор и основач на Celsius.

„Ни треба некој да ни помогне со нашиот финансиски живот. Нормално, ние веруваме на луѓе за кои мислиме дека се грижат за нас, но што ако тие луѓе не се однесуваат така? Банките мислат дека бидејќи мораме да им веруваме на нив, не можеме да веруваме на никој друг, и затоа мислат дека компанија како Целсиус не може да постои, бидејќи кој би бил доволно луд да ги даде своите криптовалути на институција што не е банка.“

Алекс Машински е важен фактор кога станува збор за разбирањето на тоа како пропадна Целсиус. Првото нешто што треба да го знаете за него е дека тврди дека има постигнато многу во својата кариера.

Според една статија од 1999 година во Industry Standard, Машински има одено на три универзитети ама никогаш не дипломирал. Пробал да направи неколку бизниси како на пример „увезување на уреа од Русија, продавање на индонезиско злато на Швацарија, и да биде брокер за отровен натриум цијанид направен во Кина за да се користи за копање на злато во САД.“

Секако, сите овие бизниси му пропаднале, а важното нешто што треба да се запомни е дека Машински уште одамна бил продавач. Тој ја продава и приказната дека е човекот кој го има измислено VOIP – voice over internet protocol.

Тоа е протокол што дозволува да се прават повици преку интернет наместо преку регуларна телефонска линија. Viber, Messenger, и Whatsapp ги користат овие технологии интензивно.

Машински има патент од 1994 година, но VOIP бил измислен во 1989 од апликација наречена Rascal, и првата компанија што го има монетизирано овој протокол се викала Vocaltech.

На Алекс ова не му прави никаков проблем и тој се претставува како централен дел за постоењето на оваа технологија, иако целата историја на VOIP не го ни споменува.

Она што е интересно за Алекс е тоа што кажува дека не е заинтересиран за пари, туку е заинтересиран да се бори за правата на просечниот човек и да ги бутне монополите на пари. Ваквата приказна ја користел кога зборувал за VOIP, а ја користи и сега кога зборува за банки.

MOIP – money over internet protocol (пари преку интернет протокол) е она што Алекс го прави сега. Во крипто светот, ваквото нешто се нарекува DeFi (decentralized finance) каде што со помош на искодирани паметни договори се заменува функцијата на банката.

Наместо да отидете во банка, можете да кликнете на сајтот на Compound или Aave и да земете децентрализиран кредит. Но, во DeFi светот, Целсиус не се поклапа бидејќи не е децентрализиран протокол, туку е централизирана компанија на еден човек.

Еве како Машински објаснува што всушност прави Целсиус.

„Целсиус мрежата ви дозволува да депозитирате коини, да ги давате под наем на некој друг и да добиете 80 проценти од вредноста. “

Кога некоја институција може да дава депозити и да дава пари под наем, тоа значи дека е банка. Но, Алекс Машински бил строг во тоа да зборува дека мрази банки и дека Целсиус не е банка.

Како Целсиус ги изгуби парите?

Секако, кога нормална банка ги изгуби вашите пари како што се случи со Евростандард, минималниот депозит е осигуран и можете да добиете до 30 000 евра назад. Но, во случајот на Целсиус, ја немате таа среќа, и ќе си ги изгубите сите пари.

Уште една интересна работа е тоа што интерфејсот на самата апликација користи зборови како „биланс на состојба, депозит, и повлекување на средства“ кои звучат како банкарски термини, но всушност не се.

Со оваа игра на зборови Celsius се оградуваат во правна смисла. Според нивните правила на користење, тие ги сметаат сите средства и пари што ги ставате на нивната платформа дека се дадени под наем, а тие ги издаваат на некој друг под наем. Ова е исто како да земете кредит од банка и да се играте лихвар. Еден ден, ваквата игра ќе ве стигне.

Кога сакате да си ги повлечете средствата од Celsius, не ги повлекувате од сметка која ја поседувате, туку кажувате дека е истечено времето на вашиот заем. Исто како банката да ви каже дека е време да платите рата, а вие да го мавате човекот кој ви должи пари.

За да го оправдаат нивниот висок повраток на пари и криптовалути, Celsius инвестирале во разни високоризични крипто проекти за да остварат профит. Ова се нарекува инвестирање во деген портфолио. Ставаат пари во секаков вид на проект, надевајќи се дека коинот ќе скокне 100х и дека ќе можат да ги повратат парите. Вработените од фирмата го потврдиле тоа по замрзнувањето на сметките на нивните корисници.

Еден инсајдер од фирмата кажува дека Celsius земале позајмени средства и ги давале под заем повеќе пати за да ги максимизираат приносите. Ова е исто како да продадете стан повеќе пати, надевајќи се дека никој нема да дојде да живее во него. Значи, наместо да се однесуваат онака како што се маркетираат, практично налик на банка, тие се однесувале како хеџ фонд. И тоа лош хеџ фонд.

Како капак на лошите практики, нивниот главен финансиски директор бил уапсен заради перење на пари. Нивниот главен директор за приходи основал бизнис со приведен перач на пари додека работел за компанијата. А исто така, главниот одговорен човек за заеми била 24 годишна девојка која работела како глумица во филмови за возрасни пред да се вработи во Целсиус како маркетинг асистент, и потоа да почне да менаџира со стотици милиони долари на нивните клиенти.

Инсајдерот од фирмата го нарекува овој скандал „приказна на некомпетентност“, и е целосно во право. Секако, никој од нас не би го знаел ова кога само би го слушале Алекс Машински, кој за својата компанија зборувал дека е екстремно сигурна и солвентна само неколку дена пред да ги замрзне средствата на своите корисници откако се случи пропаѓањето на Тера Луна.

Месец дена подоцна, компанијата Celsius прогласува банкрот непосредно по банкротирањето на крипто фирмата Војаџер. Celsius прогласиле волонтерски петиции за заштита според Член 11 од американскиот закон за банкрот и објавиле дека фирмата иницирала финансиско реструктуирање. 

Жаргонски преведено, ова значи дека се банкрот. И двете фирми (Voyager и Celsius) го користат истиот адвокат, Џошуа Сасберг, и останува да видиме дали изгубените пари на нивните корисници некогаш ќе бидат вратени… 

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
Кире
Кире
2 years ago

Преводот е ужасен