Binance – најголемата крипто-берза во светот се соочува со сериозни предизвици

Binance е најголемата берза за тргување со криптовалути во светот која нема официјални канцеларии, ниту пак претставништва, а во најголем дел од државите ниту соодветна лиценца за работа. Берзата е основана во 2017 година од страна на кинеско-канадскиот бизнисмен Чанпенг Жао (Changpeng Zhao) кој во онлајн заедницата е попознат под псевдонимот “CZ” и кој успеа Binance за помалку од една година да ја направи берза со пазарна капитализација од 1,3 милијарди US долари.

Денес на Binance дневно се прават трансакции на криптовалути со вредност од 76 милијарди US долари, што е повеќе од трансакциите на четирите најголеми конкуренти на Binance – дури и ако нивните трансакции се соберат заедно. Кога би требало да ја споредиме со традиционалните берзи би била еквивалент на берзите во Њујорк или Токио.  

Binance е основан во Кина

Чанпeнг Жао е роден во Кина, но неговото семејство кога имал 12 години емигрирало во Канада. Таму тој завршил компјутерски науки, и како што некако е вообичаено за тинејџер во Северна Америка во еден период од животот работел и во ланецот за брза храна McDonald’s, а денес може да се пофали дека е креатор на најголемата берза за криптовалути во светот. Приказната за отпочнување на Binance започнува на конференција за криптовалути во Лас Вегас на која билe присутни најважните членови на заедницата која работела на овие проекти во тоа време – ентузијазмот на членовите како Виталик Бутерин (основач на Etherium) биле пресуден момент за да Жао се приклучи на технологијата малку посериозно. Истата 2013 година за време на партија покер дознал и за како точно функционира Bitcoin. По ова, во целост им се посветил на криптовалутите, па дури го продал и својот стан за да купи Bitcoin…

Кариерата на Жао е долги години во секторот на финансиски пазари – по факултетските денови тој работел како подизведувач/хонорарец за берзата во Токио работејќи на софтвер за поврзување на берзански нарачки, по ова 4 години работел за Bloomberg Tradebook како девелопер на софтвер за тргување, а Жао бил основач и на Fusion Systems која ја основал во Шангај и е популарна платформа за размена на дигитални добра и декретни (читај: “FIAT”) валути; во 2013 се приклучил на Blockchain.info како трет член на тимот за развој на криптоновчаници; а одреден период беше и шеф за технолошки развој во криптоберзата – OKCoin.

Во средината на 2017 заедно со група програмери започнува да работи на Binance. На почетокот биле фокусирани на размена на биткоин и други криптовалути, но никако на купување на криптовалути со декретна валута. Како што вели самиот најголема причина за успехот е што имале многу среќа и вртоглав, крајно неочекуван раст, што најверојатно се должи на добар тајминг со лансирање на продуктот во моментот кога интересот за криптовалутите е актуелна тема.

На почетокот на проектот, седиштето и серверите на Binance беа лоцирани во Кина, но набрзо по првата најава за забрана на криптовалути во Кина, Жао и тимот ги префрлија серверите а со тоа и податоците во Јапонија.

Жао, во времето на популаризацијата на Binance има дадено една изјава (која може да ја видите во видеото) а на која некако се гледаше доста чудно – иако е креатор на најголемата берза за криптовалути Жао вели дека тој никогаш не тргувал.

„Јас, лично, никогаш не сум тргувал, дури ни денес. Всушност прилично сум лош за трговија, не знам да тргувам, но знам како да креирам системи за размена. На себе гледам како на ковач кој го прави мечот кој го користат кунг-фу мајсторите…“

… за да во април, 2021-ва во интервју за Bloomberg Markets изјави дека 100% од неговиот кеш е во форма на криптовалута.

Во моментот Binance има скоро 4000 вработени, а Жао е еден од највлијателните личности во крипто и блокчејн светот.

Нетрадиционална берза со огромен раст

Иако Binance е најголемата платформа за трговија на крипто, далеку е од традиционална берза – нема реално седиште (фирмата им се регистрирани на Кајмански острови и на Сејшели), ниту официјални канцеларии, или пак лиценци…. Дури и инвеститорите кои имаат спор со Binance имаат проблем со тужбите. Компанијата нема седиште, па не знаат ниту во која држава да започнат спор. По се изгледа деновите на слободно и нерегулирано работење наскоро ќе завршат.

Ваквата ситуација на Binance, во време кога популарноста на криптовалутите кои како тема не сопираат веќе 10 години, сега придонесува државите и регулаторните институции да го насочат погледот кон нив и останатите берзи кои оперираат на сличен начин. Binance наскоро би можел да има проблем во Италија, Јапонија, Канада, Кајманските Острови, Тајланд, Малезија, Велика Британија, САД, Јужна Африка и Сингапур. Властите во овие држави сега сметаат дека регулацијата е неопходна поради популарноста на крипто-берзите, а веќе во повеќето од овие држави има активни истраги за перење пари и избегнување на даноци.

Можеби е помалку и изненадувачко, но и самиот основач на берзата Чанпенг Жао смета дека потребни се законски рамки низ целиот свет.

„Имаме легален бизнис, расте брзо бидејќи корисниците му веруваат. Сепак тоа се веројатно помалку од 2 отсто од светската популација. За да ги привлечеме останатите 98 отсто, мора да бидеме регулирани“.

Нова ера на Binance на повидок: Официјални канцеларии и дозволи за работа – дали берзата ќе успее во тоа?

Според компанијата, Binance веќе работи на отворање на локални канцеларии и седишта, но во некои држави овие промени се изнудени. Берзата од 2019 година, откако доби забрана од владата на САД за функционирање кај нив, отвори претставништво во САД со ентитетот Binance.US, сестринска-берза на Binance.com која е креирана да може да ги исполни сите потребни услови за работа во САД, меѓутоа резидентите на Њујорк, Конектикат, Тексас, Хаваи, Ајдахо, Вермонт и Луизијана поради државните закони кои се во конфликт со федералните немаат право да тргуваат на Binance.us – а тоа се повеќе од 50 милиони луѓе. Не помага и фактот дека во САД Binance очекува и нови проблеми поради истрагите.

Барање за регистрација компанијата доби и во Велика Британија. Во јуни 2021 откако не ги исполни барањата на властите, берзата доби забрана за работа. Без дозвола за работа Binance работи и во Јапонија и јавно беше потсетена за тоа од јапонската влада, а Тајланд започна истрага за криминал бидејќи берзата работи без лиценца.

Wall Street Journal, кој неодамна ја профилираше берзата и Жао, има и дојави дека до податоците на американските бизниси и граѓани кои ја користат берзата – пристап имаат кинески кодери кои ја оддржуваат берзата, нешто што само додава оган на истрагите за даночна евазија и перење пари.

На сите овие случувања, Жао реагира со тврдење дека оперираат кредибилен бизнис, и дека процесот за поставување на локални канцеларии и официјално седиште на компанијата се во процес – иако го избегнува одговорот да каже каде во светот би било тоа и кога точно ќе се случи.

Според финансиските аналитичари пак, доколку Binance ги реши овие проблеми и се котира на берза – бизнисот може да вреди и повеќе од 300 милијарди US долари.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Kоментари на статија (2)Што се дискутира на ИТ форум...

Loading new replies...

Банките ќе се борат против крипто, друго и не очекувам.
Ако успеат да го уништат/преземат ќе си владеат уште долги векови. Ако не успеат, ќе доживееме да ги снема.

одговори Лајк

Добивај известувања
Извести ме за
guest
3 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
trackback

[…] за правда. Компанијата како што пишувавме и пред 2 години се соочуваше со низа регулаторни […]

trackback

[…] Чангпенг Жао, познат како CZ, основачот на Binance, само чекал момент да му врати на Сем. Во светот на бизнисот нема пријатели, и CZ како ајкула се спреми за напад. Откако излегоа деталите за Alameda, CZ најави продавање на сите FTT токени на Binance што најверојатно ќе резултира со делистање на BNB од берзата на Сем. Поради конфликтот, и двата токени (FTT, BNB) страдаат. Тогаш, Каролина, главната извршна директорка на Alameda, се нуди да ги купи сите FTT токени во приватна продажба по оригиналата цена, најавувајќи дека ги имаат тие пари.  […]

види ги сите огласи на kariera.it.mk