Koj e новиот сајт на Државниот пазарен инспекторат?

15 коментари 2 мин. читање

Сајтот бил одличен, велат неколку медиуми, но не ја кажуваат интернет адресата каде може да се најде истата страна. Google не дава резултат бидејќи страната е нова. Дури и ако побарате по линковите на сајтот на Министерството за економија и Министерството за информатичко општество нема да ја најдете страната. Барем не во моментов.

Тогаш која е интернет адресата? Интересно, три медиуми, InPress, Kurir и Netpress ја пренесоа веста за новата страница и за новиот софтвер, но не му кажаа на обичниот граѓанин каде може да се заинтересира, да погледне и да се информира. Зарем медиумите не беа да информираат основни информации, а не да copy-paste текстови од други? Зарем веб медиумите немаат можност за закачување линк?

Еве што пишаа трите медиуми:

Скопје, 16. февруари 2011 (ИНПРЕС)
извор: Курир фото: архива

Државниот пазарен инспекторат, денеска ја промовира новата софтверска апликација и веб-страницата, изработени со поддршка од министерството за економија и УСАИД-проектот за државно опкружување.

Целта на овој проект е со цел да се зголеми и подобри информираноста за бизнис заедницата на јавноста и потрошувачите, за работењето на пазарниот инспекторат од една страна, а од друга страна со овој софтвер да се олесни работата на инспекторатот и инспекторите, истакна директорката на државниот пазарен инспекторат, Елизабета Чингаровска.

Министерот за економија, Фатмир Бесими потенцираше дека овој проект значи промоција на нов менталитет во државните институции и бизнис заедницата.

Во рамките на проектот изработени се брошури и друг рекламен материјал, кои се наменети за бизнис заедницата и за потрошувачите, како и една брошура која е водич на државниот пазарен инспекторат, а истите ќе бидат достапни на македонски и албански јазик. (Крај)

Еве дел од текстот што паѓа во очи „Целта на овој проект е со цел да се зголеми и подобри информираноста“ и „промоција на нов менталитет“. Претпоставувам дека новиот менталитет не подразбира криење основна информација за основен линк во дигиталната ера.

Без линк нема сајт, како што без читатели нема медиум.

Предизвик:
Првиот кој ќе го пронајде и објави во коментарите на овој текст линкот до новиот сајт на Државниот Пазарен Инспекторат ќе добие IT.com.mk маица! Корисникот мора да биде логиран со Facebook или Twitter.

Напишано од

Дамјан е иницијатор и еден од ко-основачите на IT.mk, а исто така и основач на ИТ компанијата IWM Network и на Aqtos, бизнис оперативен систем за компании. Има повеќе од 20 години искуство во развој на дигитални производи, дигитална трансформација, веб-развој, UX/UI, SEO, брендирање и е-трговија.

Коментари

15 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top