Првин Twitter, па Google, а сега и Facebook ги објави најпопуларните термини кои се пребаруваа и прегледуваа на мрежата. Но, за разлика од другите, Facebook ги персонализираше резултатите, и дозволи секој корисник да си ги прегледа своите најпопуларни моменти.
На Facebook.com/yearinreview ќе си ги најдете вашите 20 најголеми моменти во изминатава година, вклучувајќи важни настани, фотографии и приказни. Дали ви се допадна тоа што го видовте и што сте го направиле изминатава година? Спордете ги вашите моменти со пријателите така што ќе додадете /корисничкоиме на линкот.
