Излезе Linux 3.7 со поддршка за нови ARM процесори

во Софтвер

Линус Торвалдс официјално ја објави верзијата 3.7 на Linux кернелот и со неа доаѓаат неколку добри новости за развивачите што работат на ARM базирани процесори. Исто така, за првпат е вметната и генеричка поддршка за повеќе процесорска ARM архитектуа, со што намалуваат побарувањата на Linux базираните оперативни системи кои работат на телефоните, компјутерските таблети или Raspberry Pi.

Проблемот со ARM беше тоа што секој ARM систем, освен х86, бараше сопствени модиикации на Linux кернелот. Крајниот резултат на ова е дека развивачите ќе може да бутираат и работат на Linux на било кој од нивните уреди и притоа да уживаат во сите благодети што тој ги нуди.

Исто така, има добри новости и за мрежните администратори. Во Linux 3.7 е поддржан TCP Fast Open со елиминирање на чекорот во отварање на Internet TCP конекциите, па со помош на TCP Fast Open отварањето на веб страници би се зголемило за 10 до 40 посто. А за тие што сè уште користат NFS (Network File System) за споделување на датотеки низ мрежата, Linux 3.7 сега нуди целосна поддршка за NFS 4.1.

Изворниот код на Linux 3.7 е достапен на http://www.kernel.org/, а доколку сакате да знаете нешто повеќе, посетете гo сајтот за Kernel Newbies Linux 3.7.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments