Како што веќе објавивме на 21 септември ќе се оддржи втората TEDxSkopje конференција, со тема City 2.0. TEDxSkopje со нас сподели информации за тоа како ќе се одвива настанот, говорниците и темите кои ќе ги презентираат.
Говорниците ќе бидат поделени во 4 сесии:
- Редефинирање на граѓанинот
- Пресоздавање на урбаното искуство
- Обмислување на градот
- Прекројување на географиите
Листата на говорници и презентери сеуште не е целосно затворена, а ова се веќе потврдените гости:
- Митко Хаџи Пуља – професор по архитектура
- Минас Бакалчев – професор по архитектура
- Јан Зилстра – одржливи градини, презентација на англиски јазик
- Елена Ставревска – презентација на тема редефинирање на граѓанинот
- Небојша Илијевски – Лице в Лице – за редефинирање на граѓанинот преку транзицијата на духот бивајќи изложен на социјалните промени и медиумската сфера
- ТЕАТРА – Театар насекаде – за пренесувањето на театарот во градот
- Александра Шекутовска во делот Обмислување на градот
- Зоран Дранговски – ќе зборува на тема “Невидливите граѓани”, односно за граѓаните без документи и правото да се има права
- Шутка Рома Рап – презентација и мал перформанс
Дополнително ќе се пушта по едно видео по сесија од настанот кој се оддржува на 20-ти Септември 2013 неколку часа пред настанот во Скопје. Со оглед на лиценцата конференцијата е ограничена на 100 посетители, а настанот ќе биде пренесуван преку стрим за сите кои нема да имаат среќа да присуствуваат во живо.







