Microsoft се избламира со својата анти-реклама за iPhone 5S/5C

во Веб, Мобилни, Софтвер

Со обид да ги исмее своите конкуренти кои засега го владеат пазарот на мобилни уреди, Microsoft, кој неодамна ја купи Nokia, објави видео во кое директно ја напаѓа последната иновација на Apple.

На еден од своите YouTube профили, Microsoft го објави видеото во кое двајца “вработени” им претставуваат идеи на нивните менаџери, луѓе кои се снимени само во темето и очигледно ги имаат истите физички карактеристики како Тим Кук, извршниот директор на Apple и Џон Ајви, еден од главните дизајнери на Apple.

Но, набргу по критиките кои се појавија за видеото (а ги имаше доста), Microsoft го избриша видеото од својот YouTube профил, притоа објаснувајќи на медиумите дека се работело за шега упатена кон нивните пријатели во Купертино, но дека малку претерале и решиле да го повлечат видеото.

Некако Microsoft како да не знае дека што и да објавите на интернет, останува засекогаш на интернет. :)

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
Aleksandar
Aleksandar
8 years ago

Mene povece mi lici na Steve Jobs otkolku na Tim Kuck. Mozebi tuka e greskata.